Популарната пејачка Алиша Кис на „Инстаграм“ објави фотографија од својот труднички стомак на кој е нацртан знакот за мир.
Славната пејачка го поддржува проектот „We are Here“, чија цел е луѓето од целиот свет да ги изнесат своите идеи за постоењето на овој свет.
На објавената фотографија, Алиша градите ги прекри со рацете и го покажа пораснатиот труднички стомак.
Талентираната пејачка Алиша Кис чека второ дете, а среќната вест ја објави на социјалните мрежи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



