| четврток, 6 декември 2018 |

Македонец ќе биде заштитно лице на турски гигант (фото)

Младиот скопјанец Дан Лимај успеа да го привлече вниманието на маркетинг агенциите кои работат за најголемиот турски гигант.

Според договорот вреден илјадници евра, кој се очекува да биде потпишан оваа есен, Дан Лимај ќе стане заштитно лице на кампањата за новата палета производи на познат турски гигант. Покрај турскиот гигант, на неговата адреса пристигнале понуди и од други компании од Турција и регионот кои се заинтересирани за соработка со младиот модел, но поради деловната политика, имињата не се откриваат се додека официјално не бидат потпишани договорите.

dan-limaj-3-450x300

Турската јавност првпат Дан Лимај го запознава во 2013-та година кога младиот талентиран скопјанец прави фотосесија со „Vullnet Halili Photography“, а фотографиите беа поставени на изложба во Истанбул.

Дан Лимај е роден на 10-ти октомври 1993-та година во Скопје.

 

dan-limaj-7-450x675

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top