
Иако би требало да се најзадоволни бидејќи се реализирани, жените во средни години (35-49) имаат најниска самодоверба, покажало едно британско истражување.
Жените на возраст од 35 до 49 години се нервираат за својот изглед повеќе од тинејџерки, жени во дваесетите или оние кои се постари, а само половина се задоволни од својот изглед.
За овој феномен говороше британската министерка за еднаквост на половите Џо Свенсон, за која виновни се славните кои со пластичните операции поставуваат невозможни стандарди во изгледот, пишува „Дејли мејл“.
Таа вели дека обичните жени се чувстуваат инфериорно и поради фотошопираните фотографии. Таа на родителите им препорачува да не им говорот на своите деца дека се убави и да не нагласуваат дека изгледот е многу важен.
Истражувањето покажало дека само 57 отсто од Британките се задоволни од својот изглед.
Фотошопирањето и „измазнувањето“ на брчките, како и пластичната хирургија поставија високи стандарди за жените кои се во доцните триесети години, така што луѓето веќе мислат дека не е нормачно да се има брчки.
– Кога ќе погледнете жена како Хелен Мирен, веднаш помислувате колку е прекрасна. Таа има брчки на лицето кои го отцртуваат нејзиниот карактер и фактот дека живеела интересен живот – изјави Свинсон.
Според неа Ема Томсон и Мерил Стрип се жени кои се за пофалба, бидејќи го прифатиле стареењето како нормален процес.
– Животот носи прекрасни промени со годините и тоа треба да го прифатиме пред да помислиме што да „поправиме“ во нашето лице и да се обидеме да изгледаме како да имаме 20 години – вели Свинсон.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


