Новата банкнота од 10 евра ќе биде пуштена во оптег од утре 22 септември. Како и новата банкнота од 5 евра, новата пара од 10 евра содржи неколку подобрувања кога станува збор за заштита. Холограмот и водениот жиг на банкнотата го покажуваат портретот на Европа, лик од грчката митологија.
На новата банкнота има уште неколку обележја кои на фалсификаторите би требало да им ја отежни работата. На рабовите се поизразени релјефните линии кои можат да се почуствуваат со благ допир на прст. Покрај тоа предната страба има рефлектирачки делови.
Иако во последните неколку години се зголеми бројот на фалсификувани банкноти, Европската централна банка воведува нови банкноти сака да биде на чекор пред фалсификаторите. В о соопштението на Европската централна банка се наведува дека поради искористување на залихите и понатаму ќе се издаваат банкноти од 10 евра од првата серија. Тие ќе бидат во оптег истовремено со новите банкноти од 10 евра.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст