| четврток, 6 декември 2018 |

Уништени патокази во националниот парк Галичица

Патрола составена од  членови на извидничкиот одред „ Пионер“  , викендов, при посета на националниот парк Галичица затекнаа  непријатна глетка- искршени патокази и знаци, уништени од страна на несовесни посетители на паркот

sl_3

–  Националниот парк претставува неизмерно богатство што ни го подарила природата.Сите ние понекогаш со гордост го кажуваме тоа,обично кога им го презентираме на некои наши гости, пријатели, од земјава и странство.Но, да се запрашаме колку ние го посетуваме,колку го познаваме,колку сме придонеле за тој да остане природен симбол на нацијата,и на крајот колку се грижиме за него, прашуваат од извидничкиот одред „ Пионер“.

sl_2

Членовите на „ Пионер“ санираа дел од искршените патокази. Апелираат до граѓаните за поголема совест при посетите на паркот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top