| четврток, 6 декември 2018 |

Вечерва се извлекува автомобил на „Фискална во рака – награди без мака“

На 29 септември, со директен пренос на МТВ1, ќе се одржи десеттото извлекување од наградната игра „Фискална во рака – награда без мака“. Во ова коло на наградната игра се извлекува еден автомобил, 30 вредносни ваучери од 3.000 до 60.000 денари и 120 вредносни ваучери за прехранбени продукти во вредност од по 1000 денари.

Во извлекувањето учествуваат сите коверти испратени за 10то коло со сметки кои се валидни од најран датум 15.11. 2013 година.

Од Државната лотарија на Македонија потестуваат дека, за учество во наградната игра треба да се испратат 20 фискални сметки со најран датум од 15.11. 2013та, во стандарден бел коверт во кој покрај фискалните сметки треба да има посебен лист на кој ќе бидат наведени податоците на испраќачот- име, презиме, адреса и контакт телефон. Ковертот мора да биде адресиран и на него не треба да биде напишано ништо друго освен адресата на организаторот и намената – за наградна игра:

ДРЖАВНА ЛОТАРИЈА НА МАКЕДОНИЈА
БУЛ. “ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ” БР. 8, 1000 СКОПЈЕ

ЗА НАГРАДНА ИГРА ФИСКАЛНА ВО РАКА – НАГРАДА БЕЗ МАКА

Досега од наградната игра чиј приредувач е Државна лотарија на Македонија под покровителство на Министерство за финансии, се доделија два стана и тоа на добитникот Трајко Кузмановски од Куманово и добитничката Весна Угриновска од Велес, два деловни простори како и 9 автомобили.

Покрај главните награди за претходните 9 извлекувања доделени се и 1350 вредносни ваучери од 60.000 до 1000 денари на добитници ширум Македонија.

Добитниците на вредносните ваучери по различни категории, своите награди – вредносни ваучери ќе ги подигнат од благајната на приредувачот. Ваучерите во вредност од 1.000 до 5.000 денари за добитниците од другите градови освен Скопје, ќе бидат доставени на адреса на добитникот со препорачана пошта, додека за подигање на ваучерите во вредност од над 5.000 денари добитниците треба да дојдат во благајната на Државна лотарија на Македонија, во рок не подолг од 60 дена од објавата на извештајот со добитници од наградната игра.

Имињата на добитниците, во рок од три дена по секое извлекување, ќе бидат објавувани во дневниот печат и на веб страната на Државна лотарија на Македонија.

По добивање на вредносните ваучери добитниците имаат можност согласно категоријата на производи, да се обратат на било кое продажно место на соработниците, наведени на самиот ваучер, каде во соодветната категорија на производи може да изберат еден или повеќе производи до соодветната вредност, со дополнително намалена вредност од малопродажната (наведен процент на попуст на ваучерот), со што се остава слобода на изборот согласно потребата на добитникот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top