| четврток, 6 декември 2018 |

Линда Евангелиста влезе во „plus – size“ стандардите

Поранешниот супер модел и икона на 90 – тите години, убавата Линда Евангелиста едноставно повеќе не личи на себе. Пред само еден ден се појави на свечената вечера која Франка Соѕани ја организирaше во рамките на модната недела во Милано, по повод 50 – годишнината од постоењето на италијанското списание Vogue. Од фотографиите може да се забележи дека нејзината тежина е значително зголемена. Пред некој ден пак папарацо фотографите ја „уловиле“ на улица додека таа била на шопинг. Од приложените фотографски кадри може да се забележат румените образи и нејзиното заоблено лице, како и зголемениот обем во струкот.

24c174b0-4010-11e4-a767-c5858a4ccebe_linda-jpg

Ова со сигурност не е онаа Линда Евангелиста која што ние ја знаеме. Инаку, супермоделот е родена на десетти септември 1965 година во Канада. Има беспрекорно модно портфолио, а на насловните страни на списанија се појавува  во преку  од 700 едиции.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top