Белгиската полиција во една од операциите за спречување на терористички напади во земјата во изминатите месеци, пронајде експлозиви „подготвени за употреба“, јавуваат белгиските медиуми.
Во домот на двојка со холандско државјанство од турско потекло, пронајдени се огнено оружје и заштитни елеци. Претходно беше соопштено дека двојката планирала напади врз зградата на Европската комисија во Брисел.
Двајцата осомничени биле уапсени во август, но имаат соучесник, по кого се уште се трага и за кого се претпоставува дека заминал на фронтот во Сирија.
Сите досега спречени терористички планови за напади биле поврзани со џихадисти, кои се вратиле од Сирија или се поддржувачи на групацијата Исламска држава (ИД).
Во случајот со спречениот напад врз ЕК имало соучесници со белгиско државјанство, поврзани со групацијата Шеријат за Белгија. Осомничениот извршител е Французин од алжирско потекло, во чиј багаж беше пронајдено знаме на ИД
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.