| четврток, 6 декември 2018 |

Утре календарски ни пристигнува есента

есен

Есента во Македонија и на целата северна хемисфера календарски почнува утре во 4 часот и 29 минути. Во исто време на јужната полутопка на Земјата ќе настапи пролетта.
На првиот есенски ден, Сонцето во Скопје ќе изгрее во шест часот и 23 минути, а ќе зајде во 18 часот и 30 минути. Денот ќе трае 12 часа и седум минути. Времето, според синоптичарите, ќе биде променливо облачно и свежо, претпладне со локален дожд. Ќе дува засилен северозападен ветер. Минималната температура ќе биде осум, а максималната ќе достигне до 21 степен.
Есента ќе трае до 22 декември во 00 часот и три минути кога календарски ќе почне зимата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top