Четири кратниот шампион во Формула 1, возачот на „Ред Бул“ Себастијан Фетел ја зазема втората позиција во трката за големата награда на Сингапур, со што беше задоволен.
Германскиот возач трката ја заврши зад Луис Хамилтон, но со тоа обележа еден одличен јубилеј, бидејќи во последните пет сезони секој пат возејќи на стазата „Марина Беј“ завршува на подиумот.
– Секогаш уживам да возам на оваа стаза. Атмосферата е одлична, но е тешко. Добро стартував, но тогаш се појави сигурносното возило, во најлошиот момент за нас – изјави Фетел.
На третото место заврши Даниел Рикардо од „Ред Бул“, а ова беше втор пат оваа сезона екипата да има двајца возачи на победничкиот подиум.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.