Воена делегација на националната гарда (НГ) на сојузната држава Вермонт од САД, предводена од командантот, генерал-мајор Стивен Креј, од денеска ќе претстојува во тридневна официјална посета на АРМ.
За време на посетата, генералот Креј ќе оствари средба со министерот за одбрана Зоран Јолевски и неговиот домаќин, началникот на ГШ на АРМ, генерал-потполковник Горанчо Котески, а планирано е да ги посети Воено-мецинскиот центар, Школата за обука на пилоти и воздухопловната бригада на АРМ.
Покрај унапредувањето на понатамошната соработка со НГ на Вермонт, целта на посетата на АРМ е и размена на искуства од научените лекции во мисиите предводени од НАТО, ЕУ и ООН, како и и учеството на АРМ во новата мисија на НАТО во Авганистан „Одлучна поддршка“.
НГ на Вермонт е партнер на АРМ со кој се реализираат активности за соработка со Армијата на САД, координирани преку воената контакт-програма, која е составен дел на севкупната билатерална соработка помеѓу двете армии.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.