Делегацијата на Комунистичката партија на Кина што престојува во посета на Република Македонија денеска ќе има средби во македонското Собрание.
Членовите на делегацијата ќе се сретнат со потпретседателот на Собранието на Република Македонија, Антонио Милошоски, и со претседателот на Пратеничката група на Собранието за соработка со Парламентот на Народна Република Кина, Силвана Бонева, како и со пратениците Зоран Илиоски, Никола Мицевски, Ане Лашкоска и со Магдалена Манаскова.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.