| четврток, 6 декември 2018 |

Здружение на ендокринолози: Во Македонија има најсовремена инсулинска терапија

Во врска со речиси секојдневните настани на кои немедицински лица или медицински лица кои не се лиценцирани за работа со пациенти со дијабетес, даваат неквалификувани и опасни изјави во јавноста за наводно загрозување на животот и здравјето на лицата со дијабетес и споменуваат тешки последици, со основна цел да предизвикаат паника и страв кај овие пациенти, Научно-стручното здружение на ендокринолози и дијабетолози на Република Македонија се обрати до јавноста.

Insulin-Dose

– Во Република Македонија во моментов има континуирано снабдување со најсовремена инсулинска терапија од најдобрите светски производители на инсулин, и во делот на хуманите инсулини и во делот на инсулинските аналози, така што за секој пациент со дијабетес поставен на инсулинска терапија постојат повеќе ефикасни и безбедни алтернативни опции. Не постои никаква опасност по здравјето на пациентите доколку од еден вид инсулин се префрлат на друг соодветен инсулин под надзор на квалификуван специјалист од областа на дијабетесот. Најважно за пациентите е да имаат добра гликемиска контрола, како и да се придржуваат до советите на нивните лекари во однос на исхраната, физичката активност, избегнувањето на стресот,  честото мерење гликемија, како и соодветниот третман на напоредните заболувања – велат стручните лица.

Од здружениото на ендокринолози апелираат за воздржување од давање било какви изјави во јавноста кои се медицински неиздржани и со кои се шири страв и паника кај пациентите, и воедно ги повикуваме сите заинтересирани целокупната дебата да ја водат со својот лекар, односно во стручните медицински кругови, каде што ќе ги добијат и одговорите на нивните дилеми и прашања. Се што ќе биде надвор од ова, ќе го сметаме за крајно неодговорно, што не е во интерес на грижата за пациентите со дијабетес во Република Македонија

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top