Папата Францис за време на својата посета на Тирана денеска побара од Албанците да ги осудат исламските радикали кои што во пресрет на 11 часовна посета на Албанија му се заканија дека не смее да ја посети затоа што е доминантна муслиманска држава.
Папата допатува под специјални мерки на безбедност при што под засилена контрола се голем дел од граничните премини а во обезбедувањето учествуваат 2500 полицајци.
Во Албанија има 59 % Муслимани , 10 % Католици како и околу 19 % православни Христијани.
Италијанските медиуми објавија извештаи според кои дел од албанските борци во Исламската Држава се веќе вратени во земјата и претставуваат опасност и по безбедноста на Папата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Папата Франциск одлучи: Католичката црква во Македонија ќе добие статус на Епархија
-
Опозицијата бара враќање на смртната казна во Албанија
-
Албанија од 1-ви јануари ги затвора спортските обложувалници
-
Албанија и Косово водат референдумска кампања за Македонија во своите земји: Партиите во Албанија повикуваат на максимален ангажман во Македонија


