| четврток, 6 декември 2018 |

Лавров ги повика САД да го почитуваат суверенитетот на Сирија

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров му порача денеска на американскиот државен секретар Џон Кери дека САД треба да го почитуваат суверенитетот на Сирија во борбата против екстремистите од групацијата „Исламска држава“, соопшти руското Министерство за надворешни работи.

lavrov

Лавров и Кери имаа телефонски разговор на иницијатива на американската страна, а во разговорот рускиот министер ја потенцирал важноста да се координираат активностите на меѓународната заедница во справување со џихадистите и при тоа да не се употребуваат двојни стандарди.

Лавров повикал да не се дозволи искривување на фактите во врска со случувањата во Сирија.

– Неопходно е стриктно да се почитува Повелбата на ОН и меѓународните правни норми и да се почитува суверенитетот на Сирија при спроведувањето на плановите на коалицијата, предводена од САД, додаде Лавров.

Во меѓувреме претседателот на сирискиот Парламент Мохамед Џихад Лахам изјави дека САД би требало да соработуваат со Дамаск во изградбата на коалицијата за борба против ектремистичката групација ИД, наместо да склучуваат сојузи со држави кои го поддржуваат тероризмот.

На седницата на Парламентот Лахам истакна дека државите кои сакаат да се борат против тероризмот треба да бидат во координација со Дамаск, а не со бунтовниците.

Американскиот претседател Барак Обама настоува да формира глобална коалиција за борба против ИД, која контролира значителни делови од Сирија и Ирак.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top