| четврток, 6 декември 2018 |

Забранет влез за 80 сомнителни муслимани на албанско-црногорската граница

На граничниот премин Муриќан, на албанско-црногорската граница албанската полиција денеска не им дозволила влез на 80 муслимани кои доаѓале од Црна Гора, јави дописникот на МИА од Тирана.

granični prijelaz granica

Тие наводно доаѓале да ја следат мисата на папата со приватни автомобили.

Според полицијата влезот им е забранет бидеќи станува збор за сомнителни лица.

Поради престојот на Папата Франциско албанските власти спроведоа силни безбедосни мерки, така за време на мисата забрането беше веење на знамиња, а целосно е блокирана и мобилната телефонија пред доаѓањето и пред заминувањето на папата, неколку часа се забранети сите полетувања и слетувања на тиранскиот аеродром.

За безбедноста на папата за време на единаесетчасовниот престој се грижат околу три илјади припадници на полицијата, тајната служба, специјалните полициски единици, националната гарда, како и над 50 снајперисти кои се стационирани на високите објекти.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top