
Многу деца, насмеани лица и сонце во Градскиот парк, денеска ја одбележаа манифестацијата „ Посветнени на семејството, посветени на иднината“ во организација на Градскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ.

Македонските ѕвезди Дани Димитромска, Тамара, Сара Мејс, Симона Поповска, Слаткар и ДЈ Бабура направија вистинска забава на која никој не остана рамнодушен.
Овој настан беше одлична можноста да се сплоти семејството заедно и сите заедно да уживаат во природа.
– Ова е ден каде што ги промовираме семејните вредности затоа што огромното мнозинство на граѓани на Македонија ги поддржува семејните вредности, го подржува родителството и ја покажува својата приврзаност кон децата. Едноставно бракот е една неизоставна институција која со векови се нагува на овие наши простори – истакна Влатко Ѓорчев од ВМРО-ДПМНЕ.
Ова се убави настани, додаде тој, каде што се афирмираат овие вредности кои што се дел од минатото на нашиот народ, дел од сегашноста, а мораат да бидат и дел од иднината за опстојноста на оваа држава.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


