| четврток, 6 декември 2018 |

Софија Лорен наполни 80 години (фото)

sofija loren

Грациозна, елегантна и софистицирана, Софија Лорен е олиетворение на убавина која трае и покрај тоа што таа наполни 80 години. И понатаму измамува воздишки кога и да се појави, со својот изглед, дамско држење и елеганен од.

71037_profimedia0025904918_630x0

Италијанската актерка напиша мемоари со цел да го одбележи 80-от роденден, а тие ќе бидат објавени во крајот на годината. Во книгата таа искрено говори за патот од сиромаштијата до огромната слава, гламур и богатство.

71033_profimedia0098286921_630x0

Кога имала 14 години се пријавила на избор за мис на Италија. Иако не победила, влегла во потесниот избор, а подоцна почнала да посетува часови по глума. Иако почнала да глуми во 50-те години, големиот успех го постигна во 60-те години на минатиот век.

71036_profimedia0060721269_630x0

Многу мажи сонуваа за неа, но таа гледаше само во еден – Карло Понти. Тие беа во брак од 1957 до 2007 година, кога тој почина.

Денес таа живее во Женева, Швајцарија и е добитничка на сите значајни награди во актерскиот свет. Има „Оскар“, „Златен глубус“, „Греми“, „БАФТА“…

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top