| четврток, 6 декември 2018 |

Заборавени од времето, племе во Танзанија живее како пред 10 илјади години

pleme

Денес, кога секое место на светот може да го посетиме со еден клик, тешко е да се замисли како е возможно на истата планета да постои еден народ кој живее како што живеел и пред 10 илјади години.

Племето Хаџа од Танзанија живее на брегот на езерот Ејаси, не одгледува храна, нема стока и не гради трајни населени места, пишува „Дејли Мејл“. Тие се ловци и собирачи, живеат живот на целосна слобода која е незамислива за современиот човек.

pleme1

Нема работа, шефови, рокови, општествени ли верски структури, закони, даноци, пари… Нема ништо што има во нашето секојдневние.

Во пештерите околу езерот Ејаси живеат околу 1.000 членови на ова племе. Никогаш не биле во некој поголем судир со другите, немаат проблем со глад или заразни болести. Се хранат со птици, антилопи и бизони кои сами ги уловиле со помош на лак и стрела кои сами ги изработиле.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top