| четврток, 6 декември 2018 |

Кои работи ја нервираат, а ти упорно и ги правиш

секс

Бидејќи жените се фини суштества, тие често ги игнорираат малите, а сепак иритирачки нешта кои мажите ги прават за време на предиграта. Таа игра на сигурно и иако можеби сметаш дека со тоа што молчи таа го одобрува она што го правиш со нејзиното тело, таа всушност настојува да те заштити од сопствениот срам. 
Следат неколку предлози кои ќе ти помогнат да ги избегнеш нештата кои можеби ги правиш погрешно за време на предиграта. Без разлика колку и да мислиш дека си квалификуван во оваа област, прочитај го следново и осигурај си пријатен пат до нејзиното и сопственото задоволство. Со малку пракса, секој несмасен аматер во кревет ќе биде минато.
Кога си премногу смотан
Мажите најчесто преферираат цврст и агресивен допир, па затоа ја допираат жената на начин на кој тие би сакале да бидат допирани. За жал, ова не пали бидејќи жените генерално сакаат да бидат допрени нежно, да бидат милувани и бакнувани. Затоа кога следниот пат ќе лежиш до својата девојка, започни нежно и види како таа ќе реагира.
Правило: Ако си во дилема, забави! Многу полесно за неа е да ти каже да продолжиш посилно отколку да ти признае дека треба да бидеш понежен. Започни со нежен допира, а потоа полека зголемувај го нивото на интензитет. Ова изгледа одлично кога станува збор за оралниот секс и овозможува да учиш што и се допаѓа и без нејзините инструкции. Нејзината реакција е најдобриот одговор дали си на вистинскиот пат или не.
Кога ги повторуваш движењата
Кога некој допира една иста точка подолго време тоа станува иритирачки. Жените не сакаат тип на маж кој кога еднаш ќе биде пофален дека она што го прави е “навистина добро” одлучува да продолжи со истото… повторно и повторно. Ако ги користиш истите движења за време на секоја предигра, таа по извесно време станува здодевна и инертна.
Правило: Постојано менување на активноста или позицијата е многу подобро отколку да ризикуваш да ја презаситиш со едноличните репетитивни движења. Повторувањето само ќе ја десензивира. Продолжи и задржи ја заинтересирана со тоа што ќе почнеш со бакнежи во уста, а потоа ќе преминеш на нејзиното тело – вратот, градите, рацете, стомакот… и така натаму. Продолжи се до нејзините ножни прсти и повторно назад се до нејзиниот врат.
Кога ќе западнеш во рутина
Да се биде здодевен во креветот сигурно е резултат на недостиг на фантазија и секако недостиг од тренинг. Ако си срамежлив и го правиш само она што сметаш дека треба, тренингот ќе ти ја даде самодовербата која ти е потребна за да испробаш нови нешта.
Правило: Се е во обидите и грешките. Испробајте различни милувања и допири, а потоа прашај ја како се чувствува. Не заборавај: и таа се наоѓа во фазата тренинг и ќе открива што и се допаѓа, а што не. Никогаш не донесувај заклучок дека само затоа што не се буни, ти ја правиш вистинската работа. Можеби само не сака да те повреди ако ти каже дека и не си бог на сексот каков што се замислуваш. Не мисли дека знаеш се и таа нема да се плаши да ти каже што ти недостасува. Биди добар ученик и наградата ќе заврши во твоите раце.
Кога си агресивен за време на оралниот секс
Некои од вас имаат партнери на кои не баш и им се допаѓа оралниот секс. Има безброј причини за тоа, а најчестата од сите е бидејќи тоа можеби не го правиш на вистинскиот начин. А најголемата пак причина зошто тоа не го правиш на “вистинскиот начин” е бидејќи при оралниот секс устата ти е премногу сува. Друга причина е бидејќи си премногу груб. Има уште една честа причина, а тоа е дека оралниот секс трае премногу кратко.
Правило: Секогаш имај пијалак при рака, ако имаш намера да одиш “долу”. Слатките пијалаци ќе овозможат во устата да се лачи повеќе плунка. А повеќе плунка значи повеќе задоволство.
Кога си премногу груб со нејзините брадавици
Момци, до сега навистина би требале да знаете дека грубата игра со нејзините брадавици е апсолутно ладен туш. Тоа го прават само неискусните мажи. Но која и да е причината резултатот е следен: штипкањето и грубата игра не е секси, ниту еротска, ниту пак пријатна. Напротив – болна е! Освен ако таа не го побара тоа од тебе, не го прави. Ако сака груба игра – таа тоа и ќе ти го соопшти!
Правило: Слободно може нежно да ги бакнуваш, допираш со прсти или да ги триеш со твоето тело, па дури и нежно да ги грицкаш со забите. Има многу нешта и многу начини да си играш со нејзините брадавици затоа искористи ја својата фантазија!
Кога ќе го промашиш клиторисот
Можеби навистина многу се трудиш да направиш пат до “,вистинското место”, но понекогаш многу лесно можеш да се “загубиш” и да го промашиш нејзиниот клиторис. Запомни дека таа има четири вагинални усни и не е баш лесно да се снајдеш со сите нив, особено бидејќи немаш добар поглед таму во секое време.
Правило: Најлесниот и најефективниот начин да ја запознаеш нејзината вагина е да ги отвориш ширум очите и да се зафатиш со работа (со устата и со рацете). Гледај што правиш, за да можеш следниот пат тоа да го сториш само со допир. Да, ќе и се допадне ако едноставно “знаеш”, но ако не знаеш, учи!

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top