– Русија не подготвува нов пакет соодветни санкции против Западот, како одговор на нивните санкции против Москва – изјави рускиот вицепремиер Аркадиј Дворкович.
Западните влади ги зголемија санкциите против Русија затоа што сметаат дека таа ги вооружува сепаратистите во Украина. Русија веќе реагираше на претходните санкции кои се однесуваа на рускиот финансиски и енергетски сектор и го запре увозот на серија прехранбени производи.
– Санкции не се разгледуваат, тоа не е приоритет – изјави Дворкович.
Завчера и рускиот претседател Владимир Путин изјави дека руските санкции немаат за цел да ги казнат западните земји, туку да ја стимулираат Русија да ја зацврсти економијата, да ја подобри конкурентноста и да го зголеми кредитирањето.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.