Околу 60 илјади сириски Курди ја преминале границата и пристигнале во Турција во текот на изминатиот ден, бегајќи од припадниците на терористичката групација „Исламска држава“, откако Анкара вчера отвори повеќе гранични премини со Сирија, соопшти турскиот заменик-премиер Нуман Куртулмус, пренесува „Хуриет
дејли њуз“.
Претходно тој рече дека во Турција влегле 45 илјади Курди преку осум гранични премини.
– Ниту една земја во светот не може да прими 45.000 бегалци за една ноќ, да ги доведе неповредени во земјата и без проблеми да им обезбеди засолниште. Тоа покажува колку е силна Турција – потенцираше вицепремиерот.
Подоцна Куртулмус ги соопшти поновите податоци.
– Тоа е причина Турција да се гордее. Дури и многу побогати држави не можат да примат 60.000 лица за еден ден, истакна тој.
Во Турција веќе се наоѓаат 850 илјади сириски бегалци.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
САД воведоа нови санкции за Русија, Москва смета дека е реванш за Сирија
-
Нови напади на Сирија: Соборени 9 ракети (видео)
-
Сирија од минута во минута: Асад порача: Сиријците не се плашат од НАТО, сега видовме дека оружјето им е застарено! (видео)
-
Српски дипломат тврди: Се знаеја и времето и метите за нападите во Сирија!