| четврток, 6 декември 2018 |

Нов кикс на Ливерпул, Арсенал за само три минути ја торпедираше Астон Вила

Екипата на Арсенал за неполни 100 секунди постигна три гола и заслужено ги освои бодови на гостувањето кај Астон Вила. Најдобар натпревар од почетокот на сезоната одигра германскиот репрезентативец во дресот на „топчиите“ Месут Озил кој постигна еден гол и една асистенција.
Во листата на стрелци се запиша и засилувањето од Манчестер Јунајтед Дени Велбек. Конечните 0-3 ги постигна Сисоко, но од редовите на Астон Вила бидејќи тој си постигна автогол.

West Ham United v Liverpool

Продолжуваат лошите резултати на Ливерпул. Играчите на Брендон Роџерс одиграа анемични 90 минути на гостувањето кај Вест Хем и заслужено беа поразени со 3-1. Домаќините за само седум минути постигнаа два гола преку Рид и Сахо во втората и седмата минута. Стерлинг постигна гол за надеж на „црвените“ од Ливерпул во 26 минута, но тоа беше се што направија Џерард, Балотели и останатите играчи. Амалфитано ја запечати судбината на гостите со гол во финишот од мечот. По заминувањето на Луис Суарез од редовите на Ливерпул, останатите напаѓачи неможат да се снајдат и да ја пронајдат формата од почетокот на минатата сезона.

Резултати од петтто коло во Англија:

Астон вила – Арсенал 0-3, Свонси – Саутемптон 0-1, Барнли – Сандерленд 0-0, Њукасл – Хал 2-2, КПР – Стоук 2-2, Вест Хем – Ливерпул 3-1.

Утре колото го заокружуваат Лестер – Манчестер Јунајтед, Тотенхем – ВБА, Евертон – Кристал Палас и дербито кое се игра во Манчестер меѓу домашната екипа на Манчестер Сити и лидерот на табелата Челси.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top