| четврток, 6 декември 2018 |

Охриѓани не го поддржуваат штрајкот на СОНК

сонк

Протести и незадоволство во Охрид за време на посетата на претседателот на СОНК. Членството од Охрид не сака да биде дел од штрајкот на СОНК зашто смета дека нема потреба за тоа.

Јаким Неделков изјави дека не е дојден во Охрид за да го менува претседателот на подрачната единица, Александар Речкоски.

Сепак и понатаму продолжуваат заканите и притисоците врз раководствата на СОНК од градовите од внатрешноста да се приклучат кон штрајкот.

Стотина членови на СОНК Охрид денеска со мирен протест го изразија револтот против барањето на претседателот Јаким Неделков за разрешување на охридскиот претседател на регионалниот огранок.

Неделков побарал оставка од Аце Речкоски, актуелен претседател на регионалниот одбор на СОНК Охрид, откако пред неколку денови тој обелодени дека регионалниот огранок нема да го поддржи регионалниот штрајк на СОНК на 29 септември.

-Претседателот дојде и побара оставка од мене и побара од членовите на регионот Охрид да побараат и тие оставка од мене, што не се случи – изјави Речкоски.

Членовите на СОНК од Охрид изјавија дека застануваат зад одлуката на Речкоски, истакнувајќи дека со насилната промена на Речкоски, претседателот Неделков покажува дека работи против волјата на регионалното синдикално членство. Тие јавно побараа заминување на Неделков од челната позиција на СОНК.

Неделков негираше дека побарал оставка.

-Ниту јас назначувам некого ниту јас разрешувам некого. Согласно статутот, многу се јасни процедурите како се доаѓа до позиција на претседател – изјави Неделков.

Тој подвлече дека СОНК Охрид нема да го поддржи генералниот штрајк на 29 септември, конечна одлука на 21 член на регионалниот одбор на СОНК од Охрид.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top