
Албанските власти денеска ги завршија последните подготовки за доаѓањето на папата Франциско во земјата, што претставува негова прва посета на земја во Европа каде католиците се малцинство.
Мобилизирани се околу 2.500 полицајци, кои ќе се грижат за добро одвивање на посетата под драконски безбедносни мерки. Забранет е сообраќај со автомобили, а сите оние кои ќе сакаат да присуствуваат на мисата ќе
бидат внимателно претресени.
Додека италијанските меидуми изразуваат стравување од можноста папата утре да биде цел на терористички напад, албанскиот министер за внатрешни работи Саимир Тахири смирува.
– Нема индикации дека постои сакана по животот на папата. Презедовме безбедносни мерки без преседан за да го обезбедивме јавниот ред и мир за време на неговата посета- изјави Тахири.
Ватикан исто одбива паника. Неговиот портпарол одлучно демантираше постоење закани од исламистите блиски до организацијата „Исламска држава“, кои би можеле да се вмешаат во масата верници.
Диктаторот Енвер Хоџа во 1967 година ја прогласи Албанија за прва „атеистичка држава“ во светот. Тогаш беа уништени многу цркви и џамии. Папата Франциско го изнесе податокот дека се уништени 1840 католички и православни цркви.
Од три милиони Албанци, 15 отсто се католици, 11 проценти православни, додека муслиманското населене претставува 58 отсто.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Папата Франциск одлучи: Католичката црква во Македонија ќе добие статус на Епархија
-
Опозицијата бара враќање на смртната казна во Албанија
-
Албанија од 1-ви јануари ги затвора спортските обложувалници
-
Албанија и Косово водат референдумска кампања за Македонија во своите земји: Партиите во Албанија повикуваат на максимален ангажман во Македонија


