Со години се води расправа за тоа дали треба легално да се присилат тутунските компании на амбалажата да користат фотографии со канцерогени бели дробови и други сличи графички прикази. Се претпоставува дека, секако, од таквите фотографии ќе се уплаши секој пушач и тоа ќе го наведе да престане да пуши.
Но, новата студија објавена во списанието Nicotine&Tobacco Research покажува дека тактиката со графички прикази нема еднакво влијание на сите пушачи, јави Тајмс. Имено, како што наведуваат научниците , влијанието на антипушачки пораки зависи од ставот на самиот пушач.
Научниците од Џорџтаун Ломбарди Комренсив Кансер Центаротr проучуваа 740 пушачи, за да откријат која кампања против пушењето има најдобри резултати. Воочија дека пораките кои нагласуваат предност од одвикнување од пушење, како „престанувањето на пушење го намалува ризикот од смрт поради цигарата“ повеќе влијаат од наговарање на пушач да престане да пуши, доколку смета дека процесот на одвикнување ќе биде тежок. Фотографиите и негативниот оглас како „пушењето може да ве убие“, најдобро функционира кај пушачите кои сметаат дека можат да престанат кога и да сакаат.
Една од причините зошто мотивирачките пораки најдобро функционираат меѓу пушачите кои на одвикнувањето гледаат како на своевиден предизвик би можел да биде тој дека веќе се запознаени со здравствените ризици. Научниците веруваат дека најдобар начин е мешавина на различни стратегии кои го привлекуваат вниманието на широкиот спектар на пушачот и дека содржат многу повеќе негативни пораки од позитивни.
Но тоа не значи дека застрашувачките кампањи не функционираат. Во текот на неколку години, Центарот за контрола и превенција на болести (ЦДЦ) покренаа кампања под наслов:
„Tips From Former Smokers“ каде гостувале поранешни пушачи кои долго време се бореле со зависноста и страдале од различни проблеми предизвикани од пушењето. Во текот на изминатата кампања, ЦДЦ соопшти дека поголем број на луѓе престанаа да пушат за време на нивната кампања.
Застрашувачките огласи и пораки нема да исчезнат, но се почесто користење на мотивирачките пораки би можеле да привлечат поголем број различни зависници од цигарите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


