Косовската полициската статистика потврдува дека од втората половина на 2011 година, кога почна издавањето на биометриските пасоши на Република Косово, до првата недела од месец септември годинава, косовски пасош добиле околу 9.500 Срби.
Според порталот „Трибуна“ само годинава издадени се околу 900 пасоши за припадниците на српското малцинство.
Експертот по безбедност Наим Малоку изјавил дека бројките се потврда дека и Србите се интегрираат во косовската држава.
Од друга страна, само од крајот на 2009 година, кога Србија доби визна либерализација, досредината на декември 2012 , повеќе од 30 илјади граѓани на Косово земале пасош на Република Србија, речиси сите од албанска националност.
Тој број сега е за најмалку десет илјади поголем.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


