| четврток, 6 декември 2018 |

Што доколку детето не сака да спие во градинка?

И ние некогаш сме биле мали и веројатно се сеќаваме на деновите од градинка. Се сеќаваме како сите заедно сме јаделе, играле, но и сме спиеле во попладневните часови.

Некои спиеле, некои се правеле дека спијат, а некои си играле кога воспитувачките ќе ја напуштеле просторијата. Меѓутоа вие сега сте се нашле во ситуација кога имате дете, кое оди во градинка и не сака да спие. Немојте многу да се грижите, особено ако детето нормално спие дома.

Бидете трпеливи и никогаш не го притискајте детето за да го натерате да спие во градинка. На детето му треба време за да се привикне на новиот режим, па пуштете го таа фаза да ја помине само. Уверете го дека градинката е место, на кое треба да му биде убаво.

Најдобро би било кога ќе тргнете со детето во градинка, да го понесете неговото омилено ќебе или играчката, со која обично спие. На тој начин ќе му помогнете да се привикне на животот во поинакво опкружување.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top