Контроверзниот американски милијардер Џорџ Сорос е заинтересиран за купување на хрватската национална авиокомпанија „Кроација Ерлајнс“, обајви загребскиот весник „Јутарњи лист“.
Контроверзниот американски милијардер Џорџ Сорос пројави интерес да ја купи хрватската национална авиокомпанија „Кроација Ерлајнс“, обајви загребскиот весник „Јутарњи лист“.
Според извори на весникот, кинеска авикомпанија, во која Сорос поседува 20 проценти од акциите, неколку пати најавувала дека би можела да ја купи „Кроација Ерлајнс“.
Весникот не го наведува името на кинеската компанија, туку само нагласува дека таа поседува 135 авиони и дека одржува летови до 90 дестинации.
Хрватската Влада планира во октомври по втор пат да се обиде да го приватизира националниот авиопревозник. Пред неколку години беше направен обид за продажба на „Кроација Ерлајнс“, но тој беше неуспешен затоа што на тендерот не се пријави ниту еден кандидат.
Според предлогот за приватизација од евентуалниот купувач ќе се бара продолжување на дејноста, задржување на внатрешните и надворешните летови, докапитализација на компанијата, обнова на флотата и развој на техничкиот оддел на компанијата.
Кандидатот за сопственик на „Кроација Ерлајнс“ кој не е од земја-членка на ЕУ ќе може да купи најмногу 49 проценти од хрватската авикомпанија, а купувач од Унијата сите сто проценти од акциите.
„Кроација Ерлајнс“ е во процес на преструктуирање и лани првпат по подолго време ја заврши годината со добивка. Преструктуирањето треба да заврши до крај на следната година, но имајќи предвид дека компанијата поседува само 12 авиони, тешко дека ќе може да се зацврсти на пазарот без сериозен стратешки партнер.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


