| четврток, 6 декември 2018 |

Колку брзо возел убиецот на младиот Лука?

Основниот суд од обвинителството побара да се направи вештачење како би се утврдило со колкава брзина осомничениот за убиство на младиот Лука, Марко Миличевиќ го возел автомобилот.

Важен доказ за постапката против возачот ќе биде сообраќајното- медицинско вештачење кое започна по барање на Третиот основен суд.

Повредите на Лука се утврдени по вештачењето веднаш по несреќата, кога и бил најден страничниот ретровизор од кантрименот.

Врз основа на тоа вештаците за сообраќајни несреќи треба да утврдат каде дошло до контакт и со која брзина.

Полицијата и понатаму трага по деловите од овој автомобил.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top