Кривичниот суд на 6 октомври ќе ја изрече пресудата за најголемата шпионска афера во Македонија. Обвинетите ги дадоа завршните зборови и побараа ослободителна пресуда.
Во завршните зборови обвинетите тврдеа дека не се виновни, никогаш во животот никого не измамиле и секогаш работеле во интерес на државата. Го негираа обвинението и побараа од судот да ги ослободи од кривична одговорност.
Поранешниот директор на Дирекцијата за перење пари, Ване Цветанов рече дека зад неговото вмешување во аферата стои новинарот Зоран Божиновски кој е во екстрадициски притвор.
Обвинетиот Марјан Маџовски пак рече дека не бил дел од злосторничко здружување туку е жртва на поранешниот разузнавач Ефремов кој, според него, му се заканувал дека ќе го смени од местото Шеф на кабинет на претседателот на Собранието.
Во судскиот процес се обвинети 19 лица. Се товарат за злосторничко здружување, шпионажа, злоупотреба на службената положба и уцена.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


