Тема на чаршиски муабети неодамна беше наводната врска помеѓу топ-моделот Катарина Ивановска и ракометарот Столе Стоилов. Во интервју за „Вечер“, Кики за првпат зборува за овие гласини.
До пред извесен период се зборуваше за твојата врска со ракометарот Столе Стоилов. Никогаш не ја потврди ниту ја демантираше таа вест. Во какви односи сте сега?
Катарина: Столе отсекогаш бил мој драг пријател.
На какви мажи паѓа една од најубавите жени во нашата земја. Со што може да те освои некој?
Катарина: Верувам дека љубовта е основа на се во животот. Сум била многу пати вљубена и сега сум вљубена и секогаш ќе бидам. Би излажала кога би кажала дека физичкиот изглед не ми е важен, но тоа е само првиот впечаток и ако остане само на тоа, тогаш врската од почеток ни е осудена на пропаст. Сакам мажи кои се искрени, со добра смисла за хумор и секако, маж кој безрезервно ќе ме поддржува во она што го работам, ќе верува во мене и во моите фантазии.
Каква е Кики приватно, далеку од рефлекторите и пистите?
Катарина: Како и секоја скопска девојка, лежерна на кафе, со спортски стил на велосипед и елегантна за во театар и кино.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


