| четврток, 6 декември 2018 |

Неутрални бои, светки, тантела, проѕирни материјали

Иа­ко цвет­ни­те де­зе­ни се чи­нат де­ка се за­дол­жи­тел­ни са­мо за про­лет и за ле­то, цве­ќе­то е гла­вен мо­тив на по­го­лем број ди­зај­не­ри, ка­ко и ге­о­ме­три­ски­от об­лик на ли­ни­и­те

Atraktivno106-1

Мод­ни­те трен­до­ви за есен 2014 го­ди­на се раз­но­вид­ни по по­ве­ќе ра­бо­ти – бо­и­те, об­ли­ци­те, ма­те­ри­ја­ли­те. По­го­ле­ми­от број ди­зај­не­ри, се­пак, по­го­лем ак­цент ста­ва на удоб­но­ста на об­ле­ка­та. Не­у­трал­ни­те бои и крз­на­та се за­дол­жи­тел­ни, тие на се­ко­ја мод­на ком­би­на­ци­ја ѝ да­ва­ат но­та на ек­стра­ва­ган­ци­ја. Не изо­ста­ну­ва­ат тан­те­ла­та, све­тки­те и про­ѕир­ни­те ма­те­ри­ја­ли, што ѝ да­ва­ат одре­де­на но­та на це­ла­та есен­ска ко­лек­ци­ја. Иа­ко цвет­ни­те де­зе­ни се чи­ни де­ка се за­дол­жи­тел­ни са­мо за про­лет и за ле­то, цве­ќе­то е гла­вен мо­тив на по­го­лем број ди­зај­не­ри, ка­ко и ге­о­ме­три­ски­от об­лик на ли­ни­и­те.

 

Atraktivno106-2

Ро­кер­ски стил

Бои со све­тки и тие што се пре­ле­ва­ат по­ка­жу­ва­ат де­ка ди­зај­не­ри­те раз­мис­лу­ва­ле и за све­че­ни­те мо­мен­ти. Фу­ста­ни­те, ку­си и дол­ги, ка­ко и пан­та­ло­ни­те, уште на прв пог­лед ма­мат со бо­и­те. Мо­же­би нѐ оче­ку­ва сту­де­на есен, а мо­же­би и не. Во се­кој слу­чај, ди­зај­не­ри­те се под­го­тве­ни за есен и за зи­ма и, што е нај­важ­но, тоа што го пред­ла­га­ат, на­ви­сти­на, е до­бро. За по­фал­ба е тоа што по­го­ле­ми­от број ди­зај­не­ри оста­наа дос­лед­ни на не­у­трал­ни­те бои, од­нос­но бо­и­те што мо­же да се ком­би­ни­ра­ат – бе­ла, си­ва, зе­ле­на, ка­фе­на, цр­на. За осве­жу­ва­ње, ту­ка се ро­зо­ва­та, жол­та­та и си­на­та бо­ја.

 

Atraktivno106-3

Игра со сен­ки

Фу­ста­ни­те во тем­ни бои ну­дат ви­стин­ско есен­ско умет­нич­ко рас­по­ло­же­ние. Сит­ни­те де­та­ли се жел­ба за еле­ган­ци­ја, а ток­му тоа го но­сат овие фу­ста­ни. Ед­на од важ­ни­те ка­ра­кте­ри­сти­ки на есен­ски­от тренд е про­ѕир­но­ста, ко­ја тре­ба да се знае ка­ко да се но­си. Ста­ну­ва збор за тан­те­ли во раз­ни об­ли­ци, кои ги по­вр­зу­ва ед­на про­ѕир­на но­та.

 

Atraktivno106-4

Ур­ба­но ре­тро

Ли­нии, си­ме­трии, ге­о­ме­три­ски об­ли­ци. Тоа е тоа што ќе ги по­ка­же ви­стин­ски­те ком­би­на­ции што се но­сат оваа есен. Ед­но­став­но­ста се за­до­во­лу­ва со ма­кси­мум три бои, кои се кла­сич­ни, но и мо­дер­ни во исто вре­ме.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top