
На дел од булеварот „Митрополит Теодосиј Гологанов“ и овој викенд ќе биде воведен привремен сообраќаен режим.
Во периодот од 7 до 17 часот на потегот од раскрсницата со булеварот „8 Септември“ до крстосницата со улицата „Московска“ ќе се изведуваат градежни активности.
Град Скопје апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат поставените сообраќајни знаци и да ја приспособат брзината на движење на условите на патот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


