| четврток, 6 декември 2018 |

71-годишната Елена Божиновска стана бруцош

Седумдесетиедна годишната Елена Божиновска од Кичево е официјално највозрасниот бруцош во Македонија, откако се запиша на Технолошкиот факултет во Кичево. Таа е пензионирана судијка, која во меѓувреме, посакала да стане и технолог – нутриционист, пренесува „Канал 5“.

Елена Божиноска, седумдесет и една годишна кичевчанка е  највозрасниот бруцош во Македонија во оваа академска година. Сака да биде дипломиран  инжинер технолог – нутриционост. Поради тоа се запишала на дисперзираните студии во Кичево, на технолошко-техничкиот факултет од Велес кој работи во рамките на битолскиот универзитет.

Пред да се пензионира Божиноска  важела за една од најстрогите,но и најправичните судии во Основниот суд во овој град. На 27 години  дипломира на правниот факултет во Скопј, а предходно студирала на Металуршкиот факултет во Бор. Со читање на книги, на романи на енциклопедии, сега е во потрага по вистинскиот одговор како со здрава храна да се победат сите болести на органите за варење.

Со работа во својот овоштарник и во својата градина, со везење и плетење, со убедување дека за наука никогаш не е доцна, Елена верува дека четириесетината испити ќе ги положи навремено. Ако до пред седум години била добар судија сега е сака дека биде  уште подобар дипломиран инжинер технолог –  нутриционист…

Од своите 50 години помлади колеги очекува помош и соработка. А тие горди што во нивната генерација ја имаат Елена сакаат и таа да им помогне и да им пренесе дел од нејзините животни искуства..

Студентите, професорите и вработените на дисперзираните студии од овој факултет во Кичево, се гордеат со својот нов студент, 71 годишниот бруцош Елена . Веруваат во амбициозноста на Божиноска но и во нејзината  потреба да се учи и да се научи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top