| четврток, 6 декември 2018 |

Министерот Попоски се сретна со британскиот дипломат Овен Џенкинс

nikola-popovski2_g

Министерот за надворешни работи Никола Попоски денеска се сретна со директорот за Западен Балкан и проширување во британското МНР, Овен Џенкинс.
На средбата министерот Попоски истакнал дека остварувањето на европската и евро-атлантската интеграција, како и реформската агенда остануваат главни приоритети на Република Македонија.
Како што соопшти кабинетот на Попоски, двајцата соговорници размениле мислења и за внатрешно политичките состојби во земјата, како и за придонесот на Република Македонија во унапредувањето на добрососедските односи и регионалната соработка.
Британскиот дипломат ја потврди принципиелната поддршка на Обединетото Кралство за интегративните процеси на Република Македонија во Европската унија и НАТО Алијансата, вклучително и со продолжување на билатералната соработка.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top