| четврток, 6 декември 2018 |

Работата со Звјагинцев секогаш е вистински предизвик и задоволство

Крич­ман е пот­пи­шан на че­ти­ри фил­ма на еден од нај­го­ле­ми­те ру­ски авто­ри на де­неш­ни­на­та Ан­дреј Звја­гин­цев ка­ко „Вра­ќа­ње“ (2003), „Про­гонс­тво“ (2007), „Еле­на“ (2011) и „Ле­ви­ја­тан“ (2014) и ток­му „Ле­ви­ја­тан“ ќе се при­ка­жу­ва во офи­ци­јал­на­та про­гра­ма на 35. из­да­ние на Ин­тер­на­ци­о­нал­ни­от фе­сти­вал на филм­ска ка­ме­ра „Бра­ќа Ма­на­ки“, кој ќе се одр­жи во Би­то­ла од 13 до 19 сеп­тем­ври

Ми­ха­ил Крич­ман е ди­ре­ктор на фо­то­гра­фи­ја од Ру­си­ја, еден од нај­ин­те­рес­ни­те, кој ја до­би вто­ра­та на­гра­да во Би­то­ла во 2011 го­ди­на со „Ти­вки ду­ши“ на Але­ксеј Фјо­дор­чен­ко. Пред три го­ди­ни „Ти­вки ду­ши“ бе­ше но­ми­ни­ран за на­гра­да­та „Зла­тен лав“ во Ве­не­ци­ја, а Крич­ман ја до­би на­гра­да­та „Осе­ла“.

Пот­пи­шан е и на че­ти­ри фил­ма на еден од нај­го­ле­ми­те ру­ски авто­ри на де­неш­ни­на­та Ан­дреј Звја­гин­цев ка­ко „Вра­ќа­ње“ (2003), „Про­гонс­тво“ (2007), „Еле­на“ (2011) и „Ле­ви­ја­тан“ (2014).

Ток­му „Ле­ви­ја­тан“ ќе се при­ка­жу­ва во офи­ци­јал­на­та про­гра­ма на 35. из­да­ние на Ин­тер­на­ци­о­нал­ни­от фе­сти­вал на филм­ска ка­ме­ра „Бра­ќа Ма­на­ки“, кој ќе се одр­жи во Би­то­ла од 13 до 19 сеп­тем­ври. До­бри­те поз­на­ва­чи на фил­мот ве­лат де­ка „Ле­ви­ја­тан“ е филм што не смее да се про­пу­шти. Иа­ко Звја­гин­цев во ин­терв­ју­а­та наг­ла­су­ва­ше де­ка „Ле­ви­ја­тан“ е ме­та­фо­ра за се­ко­ја власт, не е те­шко да се прет­по­ста­ви де­ка овој филм е по­ли­тич­ки про­тест про­тив со­стој­би­те во Ру­си­ја. „Ле­ви­ја­тан“ е остра кри­ти­ка на ру­ска­та по­ли­ти­ка, судс­тво­то и, по­себ­но, на ру­ска­та пра­вос­лав­на цр­ква.

Крич­ман пред три го­ди­ни бе­ше го­стин во Би­то­ла, ко­га ја до­бри вто­ра­та на­гра­да на „Бра­ќа Ма­на­ки“ за фил­мот „Ти­вки ду­ши“.

 

Mihail-Krichman-int106-1

Во 2011 го­ди­на ја до­би­вте вто­ра­та на­гра­да ИФФК „Бра­ќа Ма­на­ки“ за фил­мот „Ти­вки ду­ши“. Ја поз­на­ва­те ли ра­бо­та­та на бра­ќа­та Мил­тон и Ја­на­ки Ма­на­ки, пр­ви­те бал­кан­ски сни­ма­те­ли, чи­е­што име го но­си ин­тер­на­ци­о­нал­ни­от фе­сти­вал во Би­то­ла?
Крич­ман: Би­то­ла прв­пат ја по­се­тив во 2011 го­ди­на и то­гаш по­ве­ќе се ин­фор­ми­рав за ра­бо­та­та на бра­ќа­та Ма­на­ки. Прет­ход­но, со нив­но­то де­ло бев за­поз­на­ен са­мо пре­ку ин­тер­нет.

 

Да­ли сте за­поз­на­е­ни со ра­бо­та­та на не­кои од со­вре­ме­ни­те ма­ке­дон­ски сни­ма­те­ли или, пак, не­кои дру­ги филм­ски ра­бот­ни­ци? Ако поз­на­ва­те, ка­ко би ја оце­ни­ле нив­на­та ра­бо­та?
Крич­ман: За жал, не мо­жам да ка­жам де­ка ја поз­на­вам ма­ке­дон­ска­та ки­не­ма­то­гра­фи­ја би­деј­ќи таа не е до­вол­но за­ста­пе­на во ру­ска­та ди­стри­бу­ци­ја.

 

Кој мо­мент, кој дел од Ва­ша­та ра­бо­та најм­но­гу Ве ис­пол­ну­ва кре­а­тив­но, ка­ко ди­ре­ктор на фо­то­гра­фи­ја? Од ко­го го уче­вте за­на­е­тот?
Крич­ман: Ка­ко сни­ма­тел во­о­би­ча­е­но по­ми­ну­вам низ три фа­зи: под­го­тву­ва­ње на фил­мот, сни­ма­ње и оце­ну­ва­ње. Се­кој од нив има свое кре­а­тив­но зна­че­ње, но, се­пак, сни­ма­ње­то е мо­јот оми­лен дел.

Мо­е­то тех­нич­ко зна­е­ње најм­но­гу до­а­ѓа од мо­јот прв учи­тел Евге­ниј Ма­јо­ров. Тој ме на­у­чи ка­ко да ја откри­јам и да ја ви­дам свет­ли­на­та, ка­ко да им ве­ру­вам на лу­ѓе­то и на фил­мот. Мои вир­ту­ел­ни учи­те­ли беа и Да­ри­ус Ко­њи, Ха­рис Са­ви­дес, Ви­то­рио Сто­ра­ро, Свен Ни­квист и Гор­дон Ви­лис од свет­ска­та ки­не­ма­то­гра­фи­ја и Па­вел Ле­бе­шев, Ва­дим Ју­соф и Ге­ор­ги Рер­берг од ру­ска­та ки­не­ма­то­гра­фи­ја.

 

Mihail-Krichman-int106-3

Ка­кво е Ва­ше­то искус­тво од со­ра­бо­тка­та со Ан­дреј Звја­гин­цев, еден од нај­го­ле­ми­те ру­ски авто­ри на де­неш­ни­на­та? Со не­го ги сни­ми­вте „Вра­ќа­ње“, „Про­гонс­тво“, „Еле­на“ и „Ле­ви­ја­тан“.
Крич­ман: Ра­бо­та­та со Ан­дреј Звја­гин­цев се­ко­гаш е ви­стин­ски пре­диз­вик и за­до­волс­тво. Тоа е ка­ко да ра­бо­ти­те на исти­от филм, но со раз­лич­ни ре­жи­се­ри. Се­кој пат е ка­ко да ра­бо­ти­те прв­пат и од по­че­ток.

Во „Ле­ви­ја­тан“, кој бе­ше се­ле­кти­ран за Кан­ски­от филм­ски фе­сти­вал, игра и ед­на од нај­го­ле­ми­те ру­ски актер­ски ѕвез­ди Але­ксеј Се­ре­бр­ја­ков. Ка­кво е искус­тво­то да се ра­бо­ти со не­го?
Крич­ман: Але­ксеј Се­ре­бр­ја­ков е мно­гу про­фе­си­о­на­лен и та­лен­ти­ран актер. „Ле­ви­ја­тан“ е не­гов 150. филм во ка­ри­е­ра­та, та­ка што има мно­гу што да се на­у­чи од не­го.

 

По про­фе­си­ја сте ин­же­нер. Што има­ат за­ед­нич­ко ин­же­нер­ска­та ра­бо­та и ди­ре­кто­рот на фо­то­гра­фи­ја?
Крич­ман: Мо­е­то офи­ци­јал­но за­ни­ма­ње е пе­ча­те­ње кни­ги и мис­лам де­ка е мно­гу слич­но со тоа што го ра­бо­там де­нес: при­каз­ни, сли­ки, сол­зи…

 

Кој филм Ви е нај­драг од тие што сте ги сни­ми­ле? А кој е Ва­ши­от оми­лен филм во­оп­што?
Крич­ман: Во мо­мен­тов мо­јот оми­лен филм е „Ле­ви­ја­тан“, но отсе­ко­гаш сум мис­лел де­ка нај­до­бри­от филм е тој што сле­ду­ва, што до­пр­ва ќе се сни­ми. А кој е мо­јот нај­о­ми­лен филм во­оп­што е нај­те­шко­то пра­ша­ње. Ка­ко што рас­те­ме, се ме­ну­ва­ме. Фил­мо­ви­те што го сме­ни­ле мо­јот жи­вот, исто та­ка, се сме­ни­ле. Но, сѐ уште мо­жам да по­чув­ству­вам мор­ни­ци по гр­бот ко­га ќе по­мис­лам на „Кон­фор­мист“, „Вре­ме­то на вол­кот“, „Ан­дреј Руб­лов“ и „Но­ќта“.

 

(Пишува: Александра М. Бундалевска
Текст објавен во 106. број на неделникот „Република“, 12.09.2014)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top