| четврток, 6 декември 2018 |

Филмовите на Манчевски уште ги полнат салите

milco mancevski

Филмовите на македонскиот режисер Милчо Манчевски уште ги полнат кино-салите. Годинава, на јубилејното издание на Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“ Манчевски одбележува 20 години од „Златниот лав“ во Венеција и номинацијата за Оскар за филмот „Пред дождот“.

Меѓу другото, Фестивалот го обележаа преполните сали на филмовите од омажот на Манчевски. Речиси на сите проекции беа внесувани дополнителни столчиња, што покажува дека публикате не го заборава она што Манчевски го има сторено како уметник на големото платно.

Инаку, попладнево најуспешниот македонски режисер, Милчо Манчевски, ќе разговара со публиката, под модераторство на филмскиот критичар и уметнички директор на фестивалот, Благоја Куновски-Доре. Поводот е наградата Големата ѕвезда на македонската кинематографија што му ја доделува Друштвото на филмските професионалци на Македонија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top