Иако есента календарски уште не е пристигната, септември секогаш асоцира на зимници и на домашно слатко од сливи, кајсии, праски, смокви…
Слаткото од модри сливи е вистински деликатес, посебно ако во него има и една јатка орев. Се служи со чаша вода. Кога е направено со многу љубов ова слатко е уште повкусно.
Состојки:
1 кг модри сливи
1 лимон
Малку лимонтуз
250 грама вар
250 грама јатки ореви (односно толку колку што има сливи)
4 литри вода (за подготовка на вар)
1 чаша вода
Подготовка:
Варот се мати во два литра вода, а потоа се додава остатокот од водата. Потребно е варот да слегне, а водата да се избистри. Сливите се лупат. Потоа, внимателно се одвојува бистрата вода од варот и во неа се додаваат сливите. По еден час извадете ги сливите од водата со вар и внимателно измијте ги во неколку води. На секоја слива ѝ се отстранува коската, но внимателно, за да не се раструри обликот на сливата. На местото на коската, вметнете една јатка орев.
Во лонецот за варење слатко од шеќерот и една чаша вода згответе густ сируп, погуст од вообичаено. Пред да биде готов сирупот, во него додајте кругови лимон, кој претходно сте го излупиле. Подготвените сливи полека ставете ги во сирупот и варете ги 25 минути.
Пред крајот, во слаткото додајте малку разреден лимонтуз. Тргнете го слаткото од шпоретот, внимателно извадете ја пената што се создала за време на варењето и лонецот покријте го со мокра крпа.
Оставете го да стои неколку часа, па потоа ставете го слаткото во суви и претходно убаво измиени тегли. Откако ќе ги наполните теглите со слатко од сливи, затворете ги со целофан и заврзете ги со ластик. Теглите складирајте ги на студено и суво место.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.