| четврток, 6 декември 2018 |

„Живите костури“ на Армани на Модната недела во Милано

armani

Славниот дизајнер Џорџо Армани вчера на Модната недела во Милано ја претстави својата нова колекција за пролет-лето 2015 година. Иако многумина се надеваа дека анорексичните модели ја напуштија модната индустрија, Армани на сите им покажа дека тоа не е така, пишува „Дејли мејл“. Потоа следеа бројни критики на социјалните мрежи на сметка на изгледот на неговите модели кои беа премногу слаби.

armani4

– Ги сакам твоите креации и секогаш ќе биде така. Но, те молам, дозволи им на твоите модели да јадат! Многу е тешко да ги гледаш нивните коски на пистата – напиша Кајл Ранкин.

armani3

Слабите манекенки се во центраот на вниманието уште од 2006 година, кога Лусиел Рамос од Уругвај среде писта падна откако доживеа срцев удар. Оваа 22-годишна манекенка три месеци гладувала само за да ослабне. Потоа Модната недела на Мадрид забрани модели со индекс на телесна тежина помал од 18, а во 2012 „Вог“ почна кампања со цел на прво место да бидат здравите манекенки. Затоа на нивните насловни страници не се појавуваат манекенки помлади од 16 години кои изгледаат како да имаат нарушување во исхраната.

armani2

armani1

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top