Компанијата Фејсбук ги откри плановите за забрзување на Њуз Фид (News Feed) со цел оваа популарна друштвена мрежа да биде побрза од Твитер. Фокусот ќе биде на актуелните теми, кои луѓето ќе ги лајкнуваат и коментираат, а таквите теми ќе бидат на врвот на Њуз Фид додека се релевантни.
Фејсбук се уште заостанува зад својот најголем ривал – Tвитер, затоа што корисниците ги забележуваат постовите на својот Њуз Фид откако одредена тема повеќе не е актуелна, како што се телевизиските емисии и спортските настани.
Првите тестови покажаа позитивни резултати, затоа што е забележано зголемување од шест проценти од корисниците кои реагираат на постовите.
– Корисниците реагираат на постовите веднаш кога ќе бидат објавени, а не неколку часа подоцна. Ова покажува дека постот е многу интересен непосредно откако е објавен или со многу мало задоцнување. Со оглед на овие факти, актуелните теми ќе се појавуваат на врвот на Њуз Фид претходно – беше соопштено од Фејсбук.
Наведените промени веќе може да се забележат кај одреден број на корисници.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



