| четврток, 6 декември 2018 |

Грешка на протоколот во Њупорт или системска грешка во македонската опозиција?

Њу­порт дој­де и за­ми­на. Ре­ал­но, ни­кој ни­што и не оче­ку­ва­ше од са­ми­тот на НАТО, но за­тоа, пак, ѝ „лег­на“ на опо­зи­ци­ја­та, ко­ја по­втор­но го свр­ти кор­ми­ло­то кон јуж­ни­от со­сед. Во ек­ста­за­та по од­мо­ри­те и под вли­ја­ние на грч­ка­та сен­ка, а во не­до­стиг од нив­на вла­да во иста­та сен­ка, итро смис­ли­ја - ми­ни­сте­рот По­по­ски ги убе­ду­вал и „мо­лел“ во НАТО име­то и се­га да би­де при­чи­на за не­при­ма­ње­то?! Сме има­ле мно­гу дру­ги ус­ло­ви за ис­пол­ну­ва­ње... Не­кој, очиг­лед­но, ја пре­пи­шал лек­ци­ја­та од сопс­тве­на­та ан­тив­ла­ди­на стра­те­ги­ја за ЕУ, се на­ма­чил и са­мо сме­нил – НАТО ме­сто ЕУ. Има­ат и олес­ну­ва­ње, и две­те се со се­ди­ште во Бри­сел. Очиг­лед­но, Ре­сав­ска­та шко­ла и на­та­му вла­дее во овој по­ли­тич­ки блок. Не­ба­ре се сог­ла­си­ја – име­то не е проб­лем за влез во две­те ор­га­ни­за­ции. А не­кој тол­ку мно­гу се изра­ду­ва на овие мо­мен­ти...

Це­ли шест го­ди­ни али­јан­са­та ја те­ра иста­та при­ка­ска. И по тол­ку вре­ме, „ло­шо­то де­те“ Гр­ци­ја, кое е до­ма­шен ми­ле­ник во две се­мејс­тва – НАТО и ЕУ, не­пре­че­но го те­ра сво­јот ина­ет, за жал, исто­вре­ме­но играј­ќи си со на­ша­та ид­ни­на. Или не е до Ати­на, не­кој по­го­лем тре­ба да ѝ го доз­во­ли тоа на др­жа­ва­та, ко­ја е еден од ми­нор­ни­те учес­ни­ци во ми­си­и­те, зем­ја од ко­ја ду­ри и Ма­ке­до­ни­ја има­ше по­ве­ќе вој­ни­ци во Авга­ни­стан, а ко­ја во Ирак во­оп­што и не­ма­ше вој­ска…

Не слу­чај­но, по­ло­ви­на го­ди­на пред са­ми­тот во Кар­диф, али­јан­са­та пре­ку сво­јот прв чо­век по­бр­за пре­вен­тив­но да со­оп­шти де­ка не­ма да има про­ши­ру­ва­ње. Не де­ка не­кој мис­ле­ше де­ка ќе има, но на­деж­та во прав­да­та и во зас­лу­же­но­то пос­лед­на уми­ра. Си­те за­бо­ра­ва­ат и де­ка НАТО не е ЕУ. За слу­чу­ва­ња­та во али­јан­са­та Ма­ке­до­ни­ја има „цр­но на бе­ло“ на­пи­ша­но од Ме­ѓу­на­род­ни­от суд на прав­да­та во Хаг, кој јас­но и глас­но пре­су­ди де­ка Гр­ци­ја ги пре­кр­ши­ла ин­тер­на­ци­о­нал­ни­те нор­ми и пот­пи­ша­на­та При­вре­ме­на спо­год­ба и тоа ток­му со на­ша­та бло­ка­да за влез во овој во­е­но-по­ли­тич­ки со­јуз. Очиг­лед­но е де­ка по јав­на­та про­мо­ци­ја на двој­ни­те и на трој­ни­те ар­ши­ни, оваа од­лу­ка на нај­ме­ро­дав­но­то свет­ско суд­ско те­ло не до­пре и до чел­ни­ци­те на НАТО, но нам ни оста­ну­ва ба­рем мо­рал­на­та са­ти­сфак­ци­ја, по­твр­да де­ка сме во пра­во и до­ку­мент де­ка не­кој ги зло­у­по­тре­бу­ва прин­ци­пи­те на дејс­тву­ва­ње на овие ор­га­ни­за­ции, кои, мо­же­би, и не прет­по­ста­ву­ва­ле де­ка зем­ја-член­ка ќе има тол­ку ни­ски стра­сти во се­бе.

Се­ри­оз­ни­те проб­ле­ми со кои се со­о­чу­ва али­јан­са­та не доз­во­ли­ја во Њу­порт да се спо­ме­не про­ши­ру­ва­ње­то, освен, во фор­ма на нај­а­ва или, поз­на­то­то, кон­стант­но тап­ка­ње по ра­мо, кое ста­на дел од стан­дард­на­та та­кти­ка и до­ктри­на на НАТО. Ру­си­ја на ед­на­та и ис­ла­ми­сти­те на дру­га­та стра­на се го­лем за­лак и за али­јан­са­та, ко­ја со­би­рот го по­све­ти на овие два проб­ле­ма, се раз­би­ра, по­ве­ќе на пр­ви­от и по­кон­кре­тен. Со ис­ла­ми­сти­те не­ка­ко и ќе се раз­бе­рат…

Увер­ти­ра на Њу­порт бе­ше Бер­лин. Са­мо ед­на не­де­ла пред са­ми­тот, исто та­ка, в че­твр­ток, го­ле­ми­те си­ли и ор­га­ни­за­ции за­ед­но – ЕУ и НАТО, и две­те не слу­чај­но ста­ци­о­ни­ра­ни во Бри­сел, ре­ши­ја да ра­бо­тат на при­ја­тел­ско­то убе­ду­ва­ње и ве­ту­ва­ња за ре­ги­о­нот поз­нат ка­ко За­па­ден Бал­кан. За, не дај Бо­же, на не­ко­ја од овие екс­со­ци­ја­ли­стич­ки зем­ји, да не ѝ тек­не да се свр­ти кон и не тол­ку ста­ри­от со­јуз­ник – Мос­ква. Си­мул­та­на­та ка­но­на­да на две­те асо­ци­ја­ции за ед­на не­де­ла ја сме­ни адре­са­та и од Гер­ма­ни­ја се пре­фр­ли во Велс, ка­де што ве­ту­ва­ња­та и од­но­сот кон исти­те тие зем­ји во па­кет, она­ка вој­нич­ки, и не беа тол­ку топ­ли и ср­деч­ни, но по­ра­ки­те беа исти. Освен што во Њу­порт, Ба­рак Оба­ма ѝ на­миг­на на Ко­лин­да Гра­бар Ки­та­но­виќ. Иста­та се­ксу­ал­на ко­но­та­ци­ја во Бер­лин бе­ше не­воз­мож­на, на го­вор­ни­ца­та до Мер­кел бе­ше Еди Ра­ма.

 

Гре­шка, по­ра­ка до Гр­ци­ја или пер­фид­на игра на НАТО?

Еден единс­твен акт во Њу­порт, ба­рем за мо­мент, ги одо­бро­во­ли гра­ѓа­ни­те и ги „на­пол­ни ба­те­ри­и­те“ на Ма­ке­дон­ци­те. Слу­чај­но или не, но ше­фот на дип­ло­ма­ти­ја­та, на се­си­ја­та по­све­те­на на Авга­ни­стан, бе­ше нај­а­вен ка­ко „ми­ни­стер за над­во­реш­ни ра­бо­ти на Ре­пуб­ли­ка Ма­ке­до­ни­ја“.

Овој чин на­и­де на се­оп­што одо­бру­ва­ње во Ма­ке­до­ни­ја, па­ра­лел­но со го­лем изб­лик на гнев кај Гр­ци­ја, ко­ја ис­пра­ти и про­тест­на но­та до сво­и­те со­јуз­ни­ци за ва­кво­то „не­од­го­вор­но“ од­не­су­ва­ње и гре­ше­ње.

Пра­ша­ње­то, кое, ре­ал­но, се по­ста­ву­ва е – за што се ра­бо­те­ше во оваа „гре­шка“ на НАТО? Дел од поз­на­ва­чи­те на со­стој­би­те ве­лат де­ка али­јан­са­та, по­ве­ќе ка­ко во­е­на откол­ку по­ли­тич­ка ор­га­ни­за­ци­ја и со­јуз, мно­гу вни­ма­ва на ва­кви мо­мен­ти и ни­ко­гаш не гре­ши, осо­бе­но за де­ли­кат­ни пра­ша­ња. Дру­ги ве­лат де­ка ова е обич­на, нор­мал­на гре­шка на про­то­ко­лот, ед­но­ста­вен про­пуст.

Спо­ред пр­ви­те, ова е до­бро смис­лен на­чин за до­ста­ву­ва­ње по­ра­ка на адре­са на Гр­ци­ја, но и чин што мо­же мно­гу лес­но да се оправ­да со нај­ед­но­став­но­то об­јас­ну­ва­ње, де­ка се ра­бо­те­ло за нај­о­бич­на гре­шка на про­то­ко­лот. Од дру­га стра­на, нас­про­ти мо­мент­ни­от гнев на Ати­на, кој ќе за­вр­ши со ед­но пис­ме­но из­ви­ну­ва­ње на али­јан­са­та, кое ни­кој ни­ко­гаш и не­ма да го ви­ди, е ефе­ктот на збо­ро­ви­те на нај­а­ву­ва­чот врз Ма­ке­до­ни­ја. Сто­ри­ја­та за­вр­шу­ва мно­гу ед­но­став­но – ва­ша­та и та­ка не мно­гу актив­на член­ка, ко­ја след­ни­те де­це­нии ќе се ва­ди на мо­мен­тот де­ка има еко­ном­ска кри­за со ко­ја мо­ра да се со­о­чи, а бе­ше не­а­ктив­на и ко­га ја не­ма­ше, ќе се сми­ри со ед­но „стро­го до­вер­ли­во“ пис­мо на из­ви­ну­ва­ње. Исто­вре­ме­но, зем­ја­та што це­ли шест го­ди­ни не е дел од со­ју­зот по­ра­ди ба­нал­на и уни­кат­на при­чи­на, е за­до­вол­на што и по­крај не­ма­ње­то ре­зул­та­ти ус­ло­ве­ни од иста­та ен­дем­ска при­чи­на, ба­рем, над­вор од си­те мож­ни оче­ку­ва­ња, го чу­ла сво­е­то устав­но име на офи­ци­јал­на се­си­ја на НАТО! А тоа, не слу­чај­но, пре­ку ве­сти­те го слуш­на­ле и си­те неј­зи­ни гра­ѓа­ни, на кои за мо­мент им се на­пол­ни­ло ср­це­то. Гле­да­но од стра­на, и Езоп би се за­сра­мил од оваа вер­зи­ја и оли­це­тво­ре­ние на со­вре­ме­на­та бас­на за си­ти­от волк…

 

Ма­ке­дон­ска­та опо­зи­ци­ја­та не ја ме­ну­ва ма­три­ца­та, са­мо збо­ро­ви­те

Ма­ке­до­ни­ја во оваа при­ка­ска за са­ми­тот вле­зе без ни­ка­кви оче­ку­ва­ња, иа­ко ѝ прет­хо­деа оп­ти­ми­стич­ки­те пред­ви­ду­ва­ња на дел од поз­на­ва­чи­те на со­стој­би­те, кои освр­ну­вај­ќи се на гло­бал­ни­те по­ли­тич­ки рам­ки и на кри­за­та со Укра­и­на, ка­ко и на ис­пол­не­ти­те ус­ло­ви уште од 2008 го­ди­на, прог­но­зи­раа по­зи­тив­ни слу­чу­ва­ња за др­жа­ва­та. Но и тоа бе­ше на не­кол­ку ме­се­ци пред со­би­рот на али­јан­са­та, за исти­те тие уште одам­на да сплас­нат и да ис­чез­нат по за­че­сте­ни­те не­ги­ра­ња од се­ди­ште­то во Бри­сел де­ка во­оп­што ќе ста­не збор за про­ши­ру­ва­ње.

Во ме­ѓу­вре­ме, во оче­ку­ва­ње и го­ле­ма на­деж за не­га­ти­вен из­ве­штај на Фи­ле за на­пре­до­кот на Ма­ке­до­ни­ја, чин што мно­гу би им по­мог­нал за из­лез од без­и­деј­на­та пат-по­зи­ци­ја, опо­зи­ци­ја­та му се изра­ду­ва и на Велс. На­стра­на што за­доц­ни­ја це­ли че­ти­ри де­на по за­вр­шу­ва­ње­то на са­ми­тот во Њу­порт, но доб­лес­ни­те ма­ке­дон­ски опо­зи­ци­о­не­ри не ја про­пу­шти­ја мож­но­ста за уште ед­но оце­ну­ва­ње на нив­ни­те по­ли­тич­ки опо­нен­ти, без раз­ли­ка што ва­ка ги „за­ко­пу­ва­ат“ и сопс­тве­на­та зем­ја и неј­зи­ни­те до­стиг­ну­ва­ња.

Проб­ле­мот во доц­не­ње­то на ре­ак­ци­ја­та за Њу­порт е мно­гу лес­но­об­јас­нив. Са­ми­тот за­вр­ши на 5 сеп­тем­ври, од­нос­но в пе­ток. По­ра­ди ос­ми сеп­тем­ври, Де­нот на не­за­вис­но­ста, сле­ду­ва­ше про­дол­жен ви­кенд, три сло­бод­ни де­на, кои на­ма­че­на­та опо­зи­ци­ја не мо­же­ше да ги про­пу­шти, па за­ми­на не­ка­де да се од­мо­ри од ра­бо­та­та. По­тоа со но­ви си­ли и до­бра стра­те­ги­ја, „са­мо“ че­ти­ри де­на по зак­лу­чо­ци­те на али­јан­са­та, из­ле­гоа и пре­ку сво­јот нај­из­ви­кан гра­до­на­чал­ник, со­оп­шти­ја де­ка име­то ве­ќе не е проб­лем за Ма­ке­до­ни­ја во НАТО, се­га има­ло це­ли 113 проб­ле­ми. На­стра­на што си­те оче­ку­ваа де­ка гра­до­на­чал­ни­кот ќе об­ја­ви нов про­ект за не­го­ва­та оп­шти­на, но тој во не­до­стиг на не­што та­кво, из­ле­зе и збо­ру­ва­ше за али­јан­са­та. А, мо­же­би, оп­шти­на­та е збра­ти­ме­на со Бри­сел, иа­ко до­се­га се зна­е­ше са­мо за Шев­чен­ки­ев­ски­от ре­он на др­жав­на­та ад­ми­ни­стра­ци­ја на Ки­ев и за пет дру­ги по­ма­ли оп­шти­ни…

Ка­ко и да е, исти­от тој ми­ни­стер, кој, спо­ред Ан­дреј Жер­нов­ски, ин­си­сти­рал и се мо­лел по сво­и­те ко­ле­ги „спо­рот со име­то да би­де единс­тве­на преч­ка за на­ше­то пол­но­прав­но членс­тво во НАТО, за што мо­лел во ко­неч­ни­от до­ку­мент да оста­не не­про­ме­нет зак­лу­чо­кот за при­е­мот на Ма­ке­до­ни­ја во НАТО од Бу­ку­решт!?“, ре­ал­но и над­вор од сце­на­ри­ја­та, на го­вор­ни­ца­та во Њу­порт им по­ра­ча на сво­и­те ко­ле­ги: „Од­лич­ни ве­сти се што де­нес Ма­ке­до­ни­ја не чув­ству­ва за­ка­на од ни­ту еден од со­се­ди­те, а исто­то ва­жи и во обра­тен пра­вец. До­тол­ку по­ве­ќе, дејс­тву­ва­ме за­ед­но во про­мо­ци­ја на ми­рот, со­ра­бо­тка­та и на вла­де­е­ње­то на пра­во­то. Но прин­ци­пи – ка­ко што се вла­де­е­ње на пра­во­то, мир­но ре­ша­ва­ње конф­ли­кти, пра­во на са­мо­о­пре­де­лу­ва­ње – за да ја за­др­жат сво­ја­та моќ, тре­ба да ва­жат и за моќ­ни­те и за по­мал­ку моќ­ни­те и за тие во клу­бот и за тие над­вор. Ина­ку, не се прин­ци­пи“, из­ја­ви Ни­ко­ла По­по­ски. Ко­мен­та­рот не­из­беж­но би бил иден­ти­чен и пред не­ко­ја од сел­ски­те ко­о­пе­ра­ции и во ка­фе-чи­тал­ни­ца, т.е. де­ка не­кој ов­де „си­пу­ва пе­сок во со­јуз­нич­ка­та оска“.

Тол­ку за прин­ци­пи­те и за др­же­ње­то на на­ци­о­нал­ни­от став и единс­тво, кој не­кој по­сто­ја­но, ка­ко по пра­ви­ло, го ури­ва. Ви­стин­ски­от проб­лем ле­жи во фа­ктот што ни­кој и не оче­ку­ва­ше ва­кво не­што од опо­зи­ци­ја­та, осо­бе­но по шест го­ди­ни од Бу­ку­решт, кој при­вре­ме­но го за­пе­ча­ти членс­тво­то на др­жа­ва­та во НАТО, по што сле­ду­ва­ше и пре­су­да­та на Хаг. Сѐ што е над­вор од ова са­мо ја по­твр­ду­ва при­ка­ска­та на јуж­ни­от со­сед, кој ве­ќе ед­на го­ди­на на си­те стра­ни „тру­би“ де­ка проб­лем за пре­го­во­ри­те со ЕУ не е име­то, ту­ку бо­жем­ни­от не­до­стиг од де­мо­кра­ти­ја и вла­де­е­ње на пра­во­то. Се­га исто­то го слу­ша­ме и за НАТО, но не од Ати­на, ту­ку од еден друг цен­тар.

Гле­да­но от­стра­на, пак, ос­нов­но­то што тре­ба да се ка­же е да­ли тие, ко­га би би­ле на власт, би го сме­ни­ле име­то, ре­ал­ни­от и единс­твен проб­лем за про­грес во ин­те­гра­ци­и­те во две­те „брат­ски“ ор­га­ни­за­ции. И ту­ка ана­ли­тич­ки­те цен­три беа под оче­ку­ва­ња­та. Спо­ред пос­лед­на­та ан­ке­та на „Со­ци­е­тас ци­ви­лис“, Ин­сти­ту­тот Охрид и МИМ од април го­ди­на­ва, 77 про­цен­ти од Ма­ке­дон­ци­те во др­жа­ва­та за­ста­наа про­тив влез во ЕУ и во НАТО до­кол­ку це­на­та за тоа е ка­ква би­ло от­стап­ка во име­то. На одре­де­ни адре­си, се­пак, по­ра­ка­та не при­стиг­на…

 

Risto-Nikovski-analizaНиковски: НАТО нè условува со преименување

НАТО го га­зи ка­жа­но­то ток­му по­ра­ди Ма­ке­до­ни­ја, ве­ли по­ра­неш­ни­от ам­ба­са­дор и др­жа­вен се­кре­тар во МНР, Ри­сто Ни­ков­ски, спо­ред кој ние сме при­чи­на­та што пред че­ти­ри го­ди­ни али­јан­са­та из­ла­жа де­ка ли­са­бон­ски­от са­мит е пос­ле­ден без про­ши­ру­ва­ње. По­ра­ди нас ги ме­ну­ва­ат и пра­ви­ла­та на игра, ве­ли Ни­ков­ски.

Никовски: Са­ми­тот на НАТО во Њу­порт, Велс, де­фи­ни­тив­но, по­ка­жа де­ка вра­ти­те на али­јан­са­та за нас се ши­рум – за­тво­ре­ни. По­ра­ка­та е по­ве­ќе од јас­на: не­ма при­ем на Ма­ке­до­ни­ја сѐ до­де­ка таа не се пре­и­ме­ну­ва. Имп­ли­цит­но, тоа зна­чи де­ка ка­ко Ма­ке­дон­ци не мо­же­ме да сме­та­ме на членс­тво, а да­ли сме за­ин­те­ре­си­ра­ни ка­ко раз­не­би­тен на­род да го ве­е­ме зна­ме­то на али­јан­са­та, тре­ба са­ми­те да ре­ши­ме.

Зо­што е та­ка? Ова е трет са­мит на кој не­ма­ше про­ши­ру­ва­ње. А Хи­ла­ри Клин­тон, ка­ко др­жав­на се­кре­тар­ка, од Ли­са­бон (2010) јав­но по­ра­ча де­ка е тоа пос­ле­ден са­мит без про­ши­ру­ва­ње. Сле­ду­ваа Чи­ка­го и, се­га, Њу­порт и – ни­што! Не тре­ба да има­ме ни­ка­кво сом­не­ва­ње де­ка ве­ту­ва­ње­то не се ис­пол­ни ток­му по­ра­ди Ма­ке­до­ни­ја! Али­јан­са­та не мо­же да си доз­во­ли да ја ста­ви на дне­вен ред оваа точ­ка без да би­де при­ме­на Ма­ке­до­ни­ја. А, за Ва­шин­гтон, тој чин не до­а­ѓа пред­вид би­деј­ќи штом ќе вле­зе­ме во НАТО, ма­кар со ре­фе­рен­ца­та, за­вр­шу­ва при­каз­на­та со на­ше­то пре­и­ме­ну­ва­ње! Ќе би­де­ме вна­тре и ни­кој не­ма да мо­же да си игра со на­ше­то име или со иден­ти­те­тот на ма­ке­дон­ски­от на­род. За­тоа, во Бу­ку­решт (2008) бе­ше по­ста­ве­на бло­ка­да­та за наш при­ем фи­лу­ва­на со уце­на и ул­ти­ма­тум – пр­во име­то, по­тоа членс­тво.

Во Бу­ку­решт, на фла­гран­тен на­чин бе­ше иг­но­ри­ран ме­ѓу­на­род­ни­от пра­вен по­ре­док со не­по­чи­ту­ва­ње на При­вре­ме­на­та спо­год­ба со ко­ја Гр­ци­ја се об­вр­за да не го по­пре­чу­ва на­ши­от при­ем, ве­ли Ни­ков­ски, спо­ред ко­го сле­ду­ва­ше нов, уште по­же­жок ко­стен: бри­ли­јант­на­та ха­шка пре­су­да со ко­ја Гр­ци­ја бе­ше осу­де­на ток­му по­ра­ди од­не­су­ва­ње­то во Бу­ку­решт.

Никовски: Ни­ту НАТО, ни­ту САД фор­мал­но ја при­фа­ќа­ат пре­су­да­та, ме­ѓу­тоа таа им па­ѓа иск­лу­чи­тел­но те­шко. По­сто­ја­но им ви­си ка­ко Да­мок­лов меч над гла­ва­та на си­те су­штин­ски фа­кто­ри во Ва­шин­гтон, Бри­сел, Па­риз, Бер­лин… И, ка­кво би­ло акти­ви­ра­ње на на­ше­то зач­ле­ну­ва­ње, без при­ем, за си­те нив би зна­че­ло по­вто­ру­ва­ње на зло­сторс­тво­то!

За це­лос­но да го из­бег­нат тој ри­зик, во Њу­порт ја про­ме­ни­ја ду­ри и про­це­ду­ра­та за при­ем на но­ви член­ки. Ре­ши­ја де­ка за Цр­на Го­ра ќе ре­ша­ва­ат ми­ни­стри­те за над­во­реш­ни ра­бо­ти на али­јан­са­та! А, освен Ма­ке­до­ни­ја, Цр­на Го­ра е единс­тве­но под­го­тве­на за при­ем. Та­ка, при­е­мот, кој до­се­га спо­ред мно­гу ра­бо­ти бе­ше нај­ва­жен и нај­све­чен чин, не­ма да би­де те­ма на са­мит! Ва­ка, на ма­ла вра­та, без да се спо­ме­ну­ва Ма­ке­до­ни­ја, ќе из­бег­нат но­во ре­зи­ле­ње со по­вто­ру­ва­ње на крај­но не­ле­гал­ни­те дејс­тва пре­ку кои ја тре­ти­ра­ат на­ша­та зем­ја, ба­рем од 2008 го­ди­на.

За ексам­ба­са­до­рот, упо­тре­ба­та на устав­но­то име при прет­ста­ву­ва­ње­то на ми­ни­сте­рот По­по­ски е са­мо гре­шка на про­то­ко­лот, ко­ја, ре­ал­но, мал­ку го на­пол­ни ма­ке­дон­ско­то его, но, уште по­важ­но, по ре­ак­ци­ја­та го по­ка­жа и ви­стин­ско­то, гр­до ли­це на јуж­ни­от со­сед.

Никовски: На­ја­ва­та на По­по­ски, во Њу­порт, ка­ко „ми­ни­стер за над­во­реш­ни ра­бо­ти на Ма­ке­до­ни­ја“, бе­ше са­мо не­из­беж­на про­то­ко­лар­на гре­шка. Спо­ред лич­но­то искус­тво, нај­а­ву­ва­чот не­ма ли­ста на учес­ни­ци ту­ку се­кој нов го­стин му ка­жу­ва кој е и што е. Та­ка, и По­по­ски му ка­жа и овој тоа глас­но го по­вто­ри. Зна­чи, зад тоа ап­со­лут­но не­ма ни­ка­ква по­ли­тич­ка ко­но­та­ци­ја, освен што мал­ку нѐ рас­по­ло­жи нас, а на ју­гот го кре­на ни­во­то на хи­сте­ри­ја, кое е по­сто­ја­но на ви­со­ко ни­во ко­га сме ние во пра­ша­ње. И тоа е до­бро: не­ка се ви­ди и кои се, и ка­кви се.

Ни­ков­ски оста­ну­ва на ста­вот де­ка Гр­ци­ја не е глав­ни­от проб­лем на Ма­ке­до­ни­ја, од­нос­но де­ка тоа неј­зи­но од­не­су­ва­ње не мо­же да по­ми­не без одо­бру­ва­ње на нај­го­ле­ма­та во­е­на си­ла во али­јан­са­та, ко­ја мо­же да ста­ви крај на ва­кви­от ка­приц на Ати­на.

Никовски: Да по­вто­ри­ме и се­га: Гр­ци­ја не е таа што нѐ спре­чу­ва за влез во НАТО. До­кол­ку САД сме­та­ат де­ка тре­ба да би­де­ме при­ме­ни со ре­фе­рен­ца­та, тоа ќе се слу­чи за со­се­ма кус рок. Пре­свр­тот во Бу­ку­решт (2008), ко­га ме­сто при­ем на Ма­ке­до­ни­ја, за што не­ма­ше ни­ка­ква ле­гал­на преч­ка, до­бив­ме бло­ка­да, уце­на и ул­ти­ма­тум, не го на­мет­на Ати­на. Таа мо­же да ма­ни­пу­ли­ра, да ба­ра со­ли­дар­ност или да ста­ви и ве­то (што та­му не бе­ше слу­чај) ама не мо­же да ја ме­ну­ва по­ли­ти­ка­та на али­јан­са­та, што, фа­ктич­ки, то­гаш и се слу­чи. Но­ва­та по­ли­ти­ка кон Ма­ке­до­ни­ја мо­жеа да ја фор­му­ли­ра­ат са­мо САД. Ни­кој друг, ни­ту си­те дру­ги за­ед­но. Та­ка функ­ци­о­ни­ра НАТО. Се знае газ­да­та. Да ја по­ста­ви­ме те­за­та и обрат­но, еве не­ка бе­ше Гр­ци­ја тво­рец на но­ва­та по­ли­ти­ка. Да­ли мо­же­ше да по­ми­не без бла­гос­лов на САД? Ако таа не се вкло­пу­ва­ше во ре­ги­о­нал­ни­те ин­те­ре­си на Ва­шин­гтон, да­ли ќе бе­ше усво­е­на? Од­го­во­рот не­ка го да­дат чи­та­те­ли­те.

 

(Пишува: Љупчо Цветановски
(Текст објавен во 106. број на неделникот „Република“, 12.09.2014)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top