Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен утре ќе објави оглас за вработување 32 нови државни службеници.
Повеќето од позициите за кои ќе се аплицира се за дипломирани правници, а огласот ќе биде објавен во дневниот печат и на веб-страницата на Агенцијата за администрација.
Станува збор за двајца државни советници, двајца раководители на сектор, 10 помошници раководители на сектор, 12 раководители на одделение и 6 советници.
Условите кои треба да ги исполнат заинтересираните кандидати ќе бидат наведени во огласот.
Од Државната комисија апелираат до сите заинтересирани кои ги исполнуваат условите за огласот да се пријават на истиот, од таму очекуваат голема заинтересираност за пополнување на работните позиции.
-Добредојдени се да се пријават сите квалитетни и искусни кадри, со можност истите да бидат избрани. Ова е голема можност за професионален развој и кариерен напредок во Државната комисија, како орган во втор степен, со широка лепеза на наделжности. Искуството на еден државен службеник во ваков орган, ќе придонесе да се запознае детално со надлежностите на голем број државни органи, односно постапките кои истите ги спроведуваат кога решаваат за правата и обврските на странките – истакна Ирена Брзанова, претседател на Државната комисија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.