| четврток, 6 декември 2018 |

„Gremlins house kennel“ и кучето Џулиус направија на среде Грција да се вее македонското знаме

Македонската одгледувачница за расата француски булдог „Gremlins house kennel“  (Од куќата на гремлините) викендов имеш голем настан во Грција, а тоа беше Кинолошкиот интернационален викенд во Солун 2014.

2

Одгледувачницата настапи со својот најтрофеен македонски шампион Накабули Џулиус, кој победи и со четири титули се враќа назад во Македонија. Освоените титули се: две-државен шампион на Грција и две-интернационален шампион, освоени пред еминентни европски кинолошки судии, кои го судеа настанот.

3

Македонската кинологија може да биде горда на ваквиот успех на претставниците од „Gremlins house kennel“ и на кучето Џулиус кои направија на среде Грција да се вее македонското знаме и да се презентира македонската кинологија во најдобро светло и со успех.

Стефан Кирков ексклузивно за нашиот портал изјави:

-Чувството е преубаво. За нас најбитно е што се претставивме во најдобро светло ние и нашата кинологија во Грција, и пред најеминентните кинолошки судии. Најважна е афирмацијата на нашиот примерок од расата Џулиус, кој навистина викендов ги освои симпатиите на сите љубители на расата „Француски булдог“. Се пријавивме самоуверени дека можеме да успееме и тоа навистина се случи. Сега не дели уште една титула за да го затвориме грчкиот шампионат и Џулиус да биде прогласен за шампион на Грција, но и тоа наскоро ќе го реализираме и до крајот на годинава ќе го заокружиме успехот.

image001

Кинолошкиот викенд се одржа во Солун на 13 и 14 септември. На него учествуваа претставници од цела Европа и околу 500 кучиња од сите видови раси. Се одржале и две ноќни изложби кои ги оценувале најеминентни судии.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top