| четврток, 6 декември 2018 |

Дејвид Камерон: Задолен сум што Велика Британија остана заедно и обединета

Британскиот премиер Дејвид Камерон денеска изрази задоволство од резултатот на референдумот за независност во Шкотска,откако стана јасно дека мнозинството гласачи се определија за останување на нивната земја во Велика Британија.

Dejvid-Kameron1

– Задоволен сум од резултатот на референдумот со кој ова прашање е средено најмалку за една генерација, но сега имаме можност да ја промениме Британија на подобро, рече во своето прво обраќање до британската јавност премиерот Камерон, по признанието на поразот од страна на првиот министер на шкотската влада Алекс Салмонд, кој ја предводеше кампањата за независност.

Зборувајќи пред влезот во Даунинг стрит 10, Камерон најави брза работа на исполнување на ветувањата од трите најголеми британски партии, за зголемување на деволуцијата за Шкотска и за давање уште повеќе овластувања на Парламентот во Единбург.

Зголемените овластувања ќе се однесуваат на правото на шкотскиот Парламент, во иднина да донесува одлуки и за даноците, задолжувањата и за социјалните бенифиции. Британскиот премиер, исто така, најави и решавање на „англиското прашање“ за кое притискаат пратениците во Вестминстер во Лондон, а посебно тие од неговата Конзервативна партија.

– Сега мора на фер и избалансиран начин да се уреди и тоа прашање, за Англија, за Велс и за Северна Ирска – рече Камерон.

Тоа ќе значи голема промена во внатрешното уредување на Велика Британија и деволуција за Англија, иако засега не се знаат деталите за тоа како таа ќе се изведе и како по овие реформи ќе изгледа Обединетото Кралство.

По изброените гласови во 31 од вкупно 32 региона во Шкотска, противниците на отцепувањето освоија 1,9 милион гласови, или 55 проценти, што беше доволно за да се прогласи нивната победа, затоа што за тоа беа потребни 1,8 милион гласови. Пред да почне броењето на гласовте, Камерон беше критикуван во Лондон,што не успеал да го спречи референдумот и што ризикувал да ја загуби Шкотска и да предизвика расцеп на Велика Британија.

Некои од британските медиуми предвидуваа дека победата на приврзениците за незавосност ке значеше и политички крај за актуелниот бротански премиер,затоа што тој по евентуалниот пораз ке мораше да поднесе оставка.

Реагирајќи на критиките, Камерон рече Шкотската национална партија (СНП), која има мнозинство во шкотскиот Парламент, имаше мандат да да покрене референдум.

– Јас се обидов да го спречам неговото организирање, но јас сум демократ и морав да го почитувам првото на СНП и одржувањето на референдумот – изјави премиерот Дејвид Камерон, во обраќањето по одбивањето на независноста од гласчите во Шкотска.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top