Албанската младина повторно се организира за протести. По слично сценарио како минатата пролет, по акцијата на МВР за апсење на осомничените за петкратното убиство кај Смилковското езеро, на социјалните мрежи дел од младите Албанци повторно закажуваат протести што треба да се одржат во петок на 8-ми март по утринската молитва во Скопје.
Овој пат во одбрана на уапсените осум демонстранти од насилните протести во саботата, но и против истепаните деца од албанска националност.
Собирот почнува пред Јајапашината џамија, а потоа демонстрациите ќе се префрлат пред зградата на владата.
Албанските политички партии ДУИ и ДПА по насилствата викендов повикаа на смирување на страстите, но и меѓусебно се обвинија за насилни сценарија.
Низ главниот град деновиве е мирно, но со засилено полициско присуство на критичните места.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Продолжија протестите ширум Бугарија, блокирани патишта и гранични премини
-
Судири меѓу полицијата и каталонски сепаратисти во Барселона: Има повредени и уапсени
-
Се судрија германски националисти и про-имигрантски групи во градот Хемниц: Девет лица се повредени
-
Се протестира во Молдавија за обединување со Романија


