-Со оглед на тоа дека Катастарот веќе е мрежно поврзан со нотарите и проценителите , во секое време граѓаните и фирмите ќе се имаат пристап до податоците – колку изнесува просечната цена во одредена локација, колку е најниската цена за квадратен метар во одредена зграда, од каков материјал е направена, дали зградата има пристап до парногреење или гасификацијата, која се очекува да се изгради, струја и вода. Исто така, ќе се добиваат и информации – доколку се работи за постар објект – како се движела цената претходно, дали има имотен лист – рече Трпески.
Со берзата на недвижен имот ќе бидат опфатени и деловните објекти, значи во секое време ќе се добиваат информации колку изнесува цената за квадратен метар во одреден трговски објект и како се движат цените на канцелариските објекти низ цела Македонија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



