
Спотовите насловени „Кажи НЕ на насилството“ не се финансирани и изработени од Министерството за внатрешни работи. МВР ниту објавило тендер, ниту пак ја спроведувало јавната набавка.
Од Министерството велат дека немаат информација дали конкурирале и други продукции, какви биле нивните предлози и зошто бил избран токму посочениот, како што немаат информација ниту која е продуцентската куќа или колку чинела нивната понуда.
– Сакаме да посочиме дека МВР не учествуваше ниту во идејното осмислување, ниту во реализацијата на видеоспотовите. Министерството беше единствено партнер при реализирање на проектот „Безбедни училишта“.
Овие видеоспотови МВР не ги емитувало, ниту пак во иднина ќе ги емитува. Во моментов Министерството воопшто не реализира медиумска кампања со таква содржина.
МВР не поддржува, ниту пропагира никакви стереотипи. Напротив, за нас сите граѓани биле и ќе останат еднакви пред законот. Досега сме реализирале бројни кампањи за спречување на насилството. Во иднина планираме уште поинтензивно да делуваме на полето на превенцијата, но уште еднаш сакаме да потенцираме дека во моментов МВР не реализира никаква медиумска кампања во овој домен, вклучувајќи ја и посочената „Кажи НЕ на насилството”, се вели во соопштението на МВР.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Заев злоупотребува деца во политички цели, Одбусманот предвидува казна за вакво дело
-
Во среда ќе се знае колку партии ќе учествуваат во кампањата за референдумот и колку пари ќе добијат
-
Кампањата за референдумот ќе чини 80 милиони денари
-
Владата в среда ќе ја одреди сумата што ќе се потроши за референдумската кампања


