| четврток, 6 декември 2018 |

Кина се подготвува за Трета светска војна?

Кинескиот професор Хан Ксудонг во изјава за „Пиплс дејли“ предупреди дека Пекинг треба да се подготвува за Трета светска војна, која ќе почне поради конфликтот на САД и Русија, околу Украина.

kina

-Со продлабочување на украинската криза, меѓународните набљудувачи стануваат сè позагрижени поради директниот воен судир меѓу САД и Русија. Откако ќе се појави вооружено ривалство, веројатно истото ќе се прошири низ целиот свет. Ние предвидуваме дека ќе избие Трета светска војна – рече тој.

Ксудонг наведе дека светот влегол во нова ера во смисла на светското војување, базирано на интернет и концептот на поморските сили.

– Веројатно Третата светска војна ќе се води за превласт на море и дека Пекинг мора да развие своја воена сила врз основа на светска војна, за да не стане пасивна жртва во идните случувања- нагласува професорот и додава дека Кина мора да размислува за развивање на морските и воздушни воени сили.

Коментарите  на Ксудонг посебно доаѓаат до израз по извештајот дека Пекинг неодамна распоредил 12.000 војници на границата со Русија.

Економистот Мартин Армстронг наведува дека забелешкит на Ксудонг се однесуваат и на Јапонија.

-Популарноста за војна со Јапонија се повеќе расте во Кина. Треба да се внимава само Кина да не му се спротивстави на НАТО како Русија. Изгледите се дека ќе бидеме сведоци на конфликт во Азија кој забрзано се приближува – напишал тој на својот блог.

Кина и Русија се зближиле во последните неколку месеци и целта е овие две суперсили да формираат различен мултиполарен систем, наспроти униполарниот светски систем кој го претставуваат НАТО, ЕУ и САД.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top