| четврток, 6 декември 2018 |

Се тепале во тетовска болница, шестмина повредени

Едно лице е потешко повредено и задржано на лекување во тетовската болница, а пет се приведени од полицијата откако сите учествувале во тепачката што се случила на Хируршкото одделение во Клиничката болница.

Портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифовски денеска информираше дека тепачката се случила вчера околу 19 часот меѓу Р.А.(23), Р.Р (49) и Д.Х (47) од една и И.У (55), А.У (17) и А.У (20) од друга страна.

Тие размениле повеќе удари со тупаници по главата и по телото од кои се здобиле со повреди. По укажаната лекарска помош петмина од нив се приведени, а 20-годишниот А.У е задржан на лекување.

Лицата и претходно меѓусебно се тепале на улицата „Љуботенска“ во Тетово, поради недоразбирања околу пасење на добитокот.
За нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top